Извадок на дел од дневните настани 12.11.2017

 На 11.11.2017 година околу 18.00 часот во Скопје на ул.“Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз  двајца малолетници М. Т. и  Н. М. од Скопје, одземајќи им околу 1200 денари, а потоа со трчање се упатиле кон плоштад “Македонија“.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 11.11.2017 година околу 17,30 часот во Битола на ул.„Пеце Матичевски“ бб, непознато лице преку незаклучена врата влегло во фоајето на Националната установа-Центар за култура-Битола и со употреба на физичка сила ја отворило заклучената еднокрилна дрвена врата од билетарницата. Потоа влегло внатре и од женска чанта оставена на пунктот за наплата сопственост на Е. М.од Битола одзело женски паричник во кој имало лична карта, кредитна картичка, 200 денари и други членски картички. Во истиот момент пристигнала оштетената Е.М,  по што непознатото лице ја  турнало наназад и побегнало од лице место, а при обидот за бегство удрило во една од стаклените влезни врати во фоајето и  ја скршило. Увид на лице место  извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на  лицето.

 На 12.11.2017 година околу 22.30 часот, додека малолетниот Н. В од скопско се движел по ул. “Гоце Стојчевски“, забележал дека две лица во патничко моторно возило “Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост  на неговиот братучед А.С. од Скопје и мислејќи дека едно од лицата е  неговиот братучед се приближил до возилото. Во тој момент од истото излегло едно непознато машко лице со нож во раката и го нападнало Н.В,  притоа нанесувајќи му мала расекотина на левата рака. Додека траел нападот другото лице се задржало во возилото уште кратко време, а потоа побегнале од лице место, земајќи го со себе радиото од  возилото. Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата

На 11.11.2017 година околу 21,10 часот во Куманово на ул .„Никола Тесла“ настанал пожар во помошна просторија- гаража од куќа сопственост на М.Ј. .  Поради невнимание при замена на цевка за плин, монтирање и демонтирање на плинска боца на патничко возило „Рено 18“ со кумановски регистарски ознаки , сопственост на Т. М. (54) од Куманово, додека Т. М и А. Ц. (34) од Куманово биле заедно во каналот под возилото, дошло до експлозија и запалување на инсталацијата за плин на возилото, при што  внатрешноста на истото целосно изгорела, а Т. М. и А.Ц  се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето, а воедно опожарена е и гаражата. Истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински Центар - Куманово за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарната единица -Куманово. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.

 
                                      

 На 11.11.2017 година околу 21.30 часот додека малолетникот Б.В од Скопје на бул.“Видое Смилевски Бато“ бил заедно со уште неколку другари, му пришле малолетникот С. Д., неговиот брат Н.Д (22).и уште едно постаро лице. Кога пристигнале С.Д му се заканил на Б.В дека ќе го прободе, заради некои претходни расправии. Во моментот кога Б. В сакал да си замине, од позади бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, по што успеал да избега и потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница  “Наум Охридски“. Од страна на доктор првично се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на лекување. Околу 00.00 часот во Ургентен центар, лекарска помош побарале и Д. Д. (45) и Н. Д., татко и брат на С.Д. Истите се пожалиле на повреди кои ги здобиле од истиот настан, а биле нападнати од лицата кои биле во друштво на Б.В.  Од страна на доктор кај двајцата се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Известен е Дежурен Јавен обвинител, кој дал насока настанот првично да се третира како - нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

           
 

 На 11.11.2017 година во времето од 17.00 до 23.00 часот во Тетово на ул. „Браќа Миладинови“ во куќа сопственост на Џ. К. (40), непознати сторители извршиле тешка кражба, при што одзеле 700 евра, два црни ковчега во кои имало златен накит и  бижутерија и кутија во која имало златен ѓердан.  Имено, сторителите со употреба на сила и тврд погоден предмет насилно ја отвориле пластичната шибер балконска врата од приземјето, влегле внатре каде што извршиле пребарување и претурање во  дневната, детската и спалната соба и ги одзеле наведените предмети. Причинета е материјална штета од околу 600.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

                                        

 На 11.11.2017 година во 15,33 часот кај местото викано .„Гропа“ атар на село Неготино-Гостивар, Е. Е.(33) од истото село додека напасувал овци, кај него дошол Л. С. (37) од с.Чегране и по кратка расправија, Л.С. го доближил пиштолот до десната шака на Е. Е и испукал еден куршум, при што го ранил, а потоа побегнал од лице место. По укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар, Е. Е е пренесен во Медицински центар -Скопје на клиниката за пластична хирургија. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Причината  најверојатно  е  претходно извршен физички напад од страна на Е. Е. врз Б. С. (39),брат на напаѓачот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 

На 11.11.2017 година во 12.30 часот во СВР-Куманово, Н.З. (40) од Куманово, пријавила дека на 08.11.2017 година околу 13.00 часот од дома се оддалечила нејзината малолетна ќерка А. З.  Пријавителката изјавила дека А.З и кажала дека ќе оди на свадба во Куманово и да се види со другарка. Секторот за внатрешни работи  презема мерки за пронаоѓање на лицето.