Извадок од дневните настани 17.11.2017

На 16.11.2017 година во 17,45 часот на магистралниот пат А-3, Делчево-Штип, пред с.Облешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со беровски регистарски ознаки управуван од С.Д.(61) од Берово и возило „Форд Ескорт“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(35) од Виница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Д. кој е пренесен во Клинички центар -Скопје и сопатниците во возилото дете на возраст од 4 години од Виница и Г.С.(41) од Куманово. Двајцата сопатници се пренесени во Медицински центар Штип, а додека сопатничка, исто така, во возилото “форд ексорт“, Л.М.(24) од с.Лаки-Виница се здобила со телесни повреди и е пуштена на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кочани.
На 16.11.2017 година во 08,45 часот било пријавено дека на бул.“Мајка Тереза“ пред крстосницата со улиците “Тодор Александров“, “Ацо Караманов“ и “Белградска“ се случила сообраќајна незгода каде што патничко возило “Фолксваген Поло“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.А.(38) од Скопје удрил во пешак Ж.А.(45) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила пешакот Ж.А. која со истото возило од страна на Н.А. била пренесена во Ургентен Центар во Скопје за укажување на лекарска помош по што истата била пуштена на домашно лекување. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
На 16.11.2017 година околу 15,30 часот во Единицата за информирање и командување -Скопје, Г.М. пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот, неговиот 16 годишен син од с.Побожје- Скопје, ученик во средно училиште, додека чекал на автобуската постојка во близина на Народна банка на РМ, заедно со негови другари, бил физички нападнат од неколку лица на возраст од 16-17 години. Од нападот малолетникот се здобил со видливи повреди, а се пожалил и на болки во главата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 16.11.2017 година во 21,56 часот во Скопје на ул.“23 Октомври“, од засега непознати причини, опожарени се возилата “Фолсваген Шаран“ сопственост на А.Б.(33), “Пежо 308“ сопственост на А.Н. и „Форд Фиеста“ сопственост на А.Ј.(76) сите со скопски регистарски ознаки. Истите се изгаснати од страна на екипи на Бригада за противпожарна заштита. Увид на лице место ќе се изврши во текот на денешниот ден.
На 16.11.2017 година во 22,15 часот на Граничен премин -Табановце, на излез од Р.Македонја од страна на полициски службеници приведени се турските државјани Г.Б.(36) и две малолетни лица на возраст од 9 и 11 години, кои на пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи. Истите на граничниот премин пристигнале со возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.С.(44) од Скопје. За Г.С. постои основано сомнение дека вршел криумчарење на мигранти и истиот заедно со Г.Б. се приведени.    Со потврда за привремено одземени предмети од Г.Б. се одземени три македонски патни исправи, а од Г.С. возилото, сообраќајна дозвола, клуч за стартување и 900 евра во апоени од 200 евра и 50 евра.
На 16.11.2017 година во 10,45 часот во ПС Центар С.С.(58) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 10,20 часот во ходникот на хотел лоциран на ул.“Луј Пастер“, бил физички нападнат од страна на непознато лице, при што бил удирен со тупаници во пределот на телото. Потоа напаѓачот излегол надвор и започнал да фрла со саксии кон пријавителот, упатувајќи му погрдни зборови и пцовки, по што со возило го напуштил местото на настанот.
На 16.11.2017 година во времето околу 12,40 часот на ул.„2-ра Македонска Бригада“   во Поликлиниката Чаир на детското одделение и пунктот на Итна медицинска помош од страна на Е.С. од Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со малтретирање, омаловажување, понижување и навредување на медицинските лица кои во тој период биле на работното место - лекарот А.Н. и медицинската сестра Н.Е. До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло откако Е.С. со неговиот брат ја донеле внуката во поликлиниката со грчеви. Од страна на лекар на детското одделение му било кажано дека со возило на брза помош треба да се однесе на детската клиника. Побарано било телефон од итната медицинска помош, но истите не се јавиле веднаш на телефонот, на што од страна на лекарот на детското одделение лицата биле упатени да се јават лично во пунктот на итната медицинска помош кој бил во склоп на поликлиниката. Во тој момент Е.С. започнал да вика и да удира на вратата по што започнал да упатува закани кон медицинската сестра. Потоа излегол лекарот А.Н. кој Е.С. почнал да го турка и влече, притоа заканувајќи му се по животот ако нешто му се случи на детето. По некое време од роднини на детето Е.С. бил отстранет, а лекарот со медицинскиот персонал го превзеле детето. По целосното расчистување и документирање на настанот против пријавениот ќе следи соодветен поднесок.
На 16.11.2017 година во 12.30 часот, Л.Е. (41) од Скопје пријавила дека лицето З.П. (32) од Скопје ја уценувал со објавување фотографии со експлицитна содржина и дека физички ја нападнал. Според пријавата Л.Е. три години била во љубовна врска со З.П. и во мај годинава кога одлучила да ја прекине врската, тој почнал да и се јавува на телефон и да се заканува дека доколку не се смират ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина до нејзини роднини и пријатели. По краток период, З.П. испратил дел од фотографиите на фејсбук профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка. Исто така, во мај годинава, според пријавителката, З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото. Л.Е. досега не го пријавила настанот затоа што се плашела за безбедноста на нејзиното семејство. З.П. ја следел неа и нејзината ќерка подолг период. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.Р.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 28.09.2017 година,  околу 18.30 часот  пријавената,  вработена како хигиеничарка додека ја чистела канцеларијата на оштетената, од торба, којашто била во плакарот, одзела околу 5.000 евра.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.Л.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На  18.03. годинава во 01,30 часот, во Скопје, на улица „Иван Цанкар“, позади бензинската пумпа при обид за легитимирање, од полициски службеници, на машко лице, на возраст од околу 20 до 25 години,  лицето се дало во бегство, притоа фрлајќи го ранецот којшто го носел со себе. При преглед на ранецот биле пронајдени петнаесет фотографии од непознати лица и  најлонска ќеса со 465,6 грама марихуана. На 15.11.2017 година  во координација и присуство на дежурен јавен обвинител, извршено било препознавање на М.Л., од  полициските службеници, кои на 18.03.2017 година на улица „Иван Цанкар“, го затекнале во вршењето на кривичното дело.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Г.Н.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “бесправно градење”. Пријавениот од 14.10.2017 до 16.10.2017 година изградил хала, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен  орган, на имот во село Подмоље, сопственост на Т.З. и Т.Н. од с.Оровник, и на приватна фирма од Охрид.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар  поднесе кривична пријава  против  Н.С.(51) од Боговиње, Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“. Пријавениот од 02.11.2017 до 09.11.2017 година, во деловен објект во Дебар, неовластено организирал и приредувал игри на среќа – спортска обложувалница, без да поседува лиценца, односно дозвола издадена од Министертсво за финансии.
Полициската станица Струмица поднесе кривична пријава против Т.Љ.(52) од село Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“  и „фалсификување исправа“. Пријавениот, во својство на командир на шумската полиција воСтрумица, на 20-ти минатиот месец, во вечерните часови, без издадено Решение од Основниот суд Струмица за враќање на товарно возило, му го вратил возилото на лицето О.М. - заедно со товарот од 14 метри кубни огревни дрва, што на 02.10. годинава биле одземено поради утврдени неправилности согласно Законот за шуми.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Н.В.(53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување испрва“. Пријавениот, по Наредба од јавен обвинител, одбил да изврши гинеколошки преглед врз дете и при тоа издал потврда дека не се констатирани повреди коишто подоцна се утврдени во приватна ординација кај лекар гинеколог.
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава  против Т.Ј.(35), И.Ј.(32), Љ.Н.(64), С.Ј.(57), Б.Н.(67), сите од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“  и „кражба на шума“ и против З.С.(48) и С.С.(45), двајцата од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“. Прво, второ, трето, четврто и петто пријавениот од сопствен имот постапиле спротивно на Одобрението за сеча на дрво и дрвни сортименти  издадено од ЈП Македонски шуми – „Осогово“ Крива Паланка, и извршиле бесправна сеча на 13,42 метри кубни дрво и дрвни сортименти, додека противправно од туѓ имот присвоиле уште 10,7 метри кубни дрва, со што се стекнале со противправна имотна корист од 74.900 денари. На 26.08.2015 година шестопријавениот, вработен во ЈП Македонски шуми – „Осогово“ Крива Паланка и покрај тоа што знаел дека на пријавените од  ЈП Македонски шуми – „Осогово“ Крива Паланка им било издадено Одобрение за сеча  на 58,83 метри кубни дрво и дрвни сортименти  извршил прием на исечена и дотурена дрвна маса од 59 метри кубни дрво и заедно со седмопријавениот издале девет Испратници за превоз на дрво и дрвни сортименти за  69,7 метри кубни дрва или за 10,7 метри кубни дрва повеќе од дозволеното, со што им овозможиле на прво, второ, трето, четврто и петтопријавените да се стекнат со противправна имотна корист од 74.900 денари .
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Р.Ш.(46), Р.Џ.(47), двајцата од Куманово, како и против правното лице ДТГУТ „МАСТЕР“ ДООЕЛ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ Кривична пријава е поднесена и против В.Л.(63) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, како инвеститор на градба и второпријавениот, како Управител на пријавениот правен субјект, како изведувачи на градба, во текот на 2016 и 2017 година, во Куманово на улица „11-ти Октомври“, изградиле стамбен објект од втора категорија, без Одобрение за градење до Сектор за урбанизам при Општина Куманово. Четвртопријавената, како Раководител на Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово и покрај тоа што знаела и била  должна да изврши надзор над изведувањето на градежни работи на предметната градба и да задолжи овластен градежен инспектор да изврши увид на лице место, пропуштила должен надзор и не превзела никакви мерки за да се спречи бесправната градба, односно не покренала никаква постапка против инвеститорот и изведувачот на градбата,