Извадок на дел од дневните настани 18.11.2017

На 18.11.2017 година околу 04,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката - Воиславци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од К.Р. (19) од Радовиш и товарно возило„Мерцедес“ со штипски регистерски таблици, управувано од Т.Ј. (58) од Штип. Во незгодата на местото на настанот починал возачот на возилото “Голф“, додека  како сопатник во истото возило била Е.Г.(19) од Радовиш, која се здобила со повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здравствен Дом во Радовиш. На местото на настанот извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 17.11.2017 година во 17,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат во близина на с.Очипала-делчевско, се случила сообраќајна незгода во која И.С. (49) од с.Ветрен-делчевско, управувајќи патничко возило „Фиат Добло“ со делчевски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото и се превртел. По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, при што било извршено алкотестирање на возачот и било утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,28 промили. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 17.11.2017 година во 13,00 часот Н.А.(27) пријавила дека во Прилеп на ул.“Благоја Николовски“ во куќа го пронашла починат Р.Ѓ.(30). Имено, починатиот претходниот ден околу 18,00 часот дошол во домот кај неа и нејзиниот сопруг со изговор дека се скарал со неговите родители и побарал да остане, по што се качил на катот од куќата. Откако истиот бил пронајден без знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 18.11.2017 година во 00,10 часот О.Т.(47), вработен како шеф на Железничката станица Трубарево, пријавил дека во временскиот период од 09.11.2017 година до 17.11.2017 година во Трубарево од објект на МЖ - Трубарево, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во вагони. Сторителот незабележан од никого со употреба на физичка сила и погоден алат од  пет  вагони одземал осум квачила за приклучување на вагони и незабележан од никого заминал од местото на настанот. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 17.11.2017 година во 23,15 часот Е.А.(33) пријавил дека на бул.“Александар Македонски“ на автобуска постојка од страна на непознат сторител бил физички нападнат тој и неговиот пријател Ц.Ц.(25). Додека пријавителот го управувал неговото возило пред него застанало друго возило при што истиот што бил принуден да застане и притоа излегло едно лице кое му ја отворило вратата од возилото го извадил надвор и го турнал на земја. Ц.Ц. излегол од возилото за да му помогне, мегутоа лицето го удрил со бокс во пределот на лицето потоа се вратил и го удрил пријавителот во пределот на десното уво и влегол во неговото возилото по што го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 17.11.2017 година во 14,30 часот лицето Ј.П.(19) пријавил дека истиот ден околу 13,30 часот на бул. “Кочо Рацин“ на автобуска постојка од страна на непознат сторител на возраст околу 60 години извршена му била измама, со што лицето се стекнало со противправна имотна корист од околу 1.500 денари. Додека пријавителот правел фотокопии на негови лични документи, дошол сторителот и го прашал дали може да му даде македонски пари за да и ги покаже на сопругата, а како гаранција дека ќе му ги врати парите му го оставил својот часовник (кој бил фалсификат часовник, односно бижутерија), по што тој излегол и не се вратил. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 17.11.2017 година во 13,45 часот Д.А.(62) пријавил дека на 17.11.2017 година околу 12,30 часот додека пријавителот бил во Трговскиот цетар Лептокарија и меморирал број од оглас за издавање на дуќан под закуп му се доближило едно лице кое му се претставило дека е сопственик на дуќанот информирајќи го дека киријата била 500 евра месечно, со закуп за шест месеци однапред плаќање и побарал аванс од 200 евра. Пријавителот му дал 100 фунти, 50 евра и 3.000 денари (вкупно 13.500 денари). Истите се договориле да разменат податоци, но додека пријавителот влегол за кусо во една продавница, лицето го напуштило местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 17.11.2017 година во 12,00 часот С.О.(43) пријавил дека на 14.11.2017 година во 16,30 часот во автобус на ЈСП бр 11 кој се движел во релација од Скопје кон с. Рашче, поточно кон локалниот пат за с. Долно Свиларе, од страна на едно лице на возраст од околу 50 години од с Рашче, бил извршен физички напад врз неговиот 16- годишен син. Имено, додека малолетникот сакал да се симне од автобус друго лице му го попречило патот кај излезната врата и додека истите се расправале сторителот, кој седел, наеднаш станал, го фатил за врат малолетникот и почнал да го удира со клоци и шамари во пределот на телото и лицето при што му нанел видливи повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Д.(41) од струшкото село Лабуништа. Пријавениот, казненото дело го сторил на 20-ти минатиот месец  во семејниот дом во Лабуништа Тој,  започнал силна и гласна вербална расправија со неговата сопруга упатувајќи и серија навреди и закани по нејзиниот живот и сигурност со што предизвикал страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената. Во моменти на силна агресивност, пријавениот Е.Д. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја со раце и нозе по целото тело. Притоа, оштетената се здобила со телесни повреди  по што успеала да избега.