Извадок на дел од дневните настани 19.11.2017

 На 18.11.2017 година околу 19,00 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ во близина на Трговскиот центар “Алумина“ од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над три малолетници на возраст од 15 и 16 години при што одземени им биле 1.500 денари. СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на кривичното дело.

 

На 18.11.2017 година во 11,00 часот во ПС Бит Пазар Р.А.(36) од Скопје пријавил дека на 17./18.11.2017 година на бул.„Никола Карев“ од страна на непознат сторител било извршено противправно одземање на товарно моторно возило марка “Фиат Скудо“ со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 480.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 19.11.2017 година околу 00,30 часот во Крива Паланка на ул.„Свети Јоаким Осоговски“, пред угостителски објект при превземање на мерки и активности за контрола на угостителски објекти и проверка на идентитет на лица, полициски службеник од ПС Крива Паланка бил физички нападнат од страна на С.Ѓ.(19) од с.Конопница–Крива Паланка, при што му биле нанесени телесни повреди (во пределот на стомакот и гребнатини на левата рака и устата). С.Ѓ. бил приведен и истиот е задржан во полициска станица по овластување на Јавен обвинител до целосното расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава.

 

На 18.11.2017 година околу 10,50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Брсјачка Буна“ од засега непознати причини избувнал пожар во куќата сопственост на А.Џ.(48), кој во моментот на пожарот не бил во домот, а во куќата биле неговите пет малолетни деца и истите навремено биле евакуирани од страна на соседите. Покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на Џ.Х.(26), на Ѓ.Ф.(35) на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и на Н.Л.(42) на чијашто куќа била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект. Пожарот бил изгаснат во 11,45 часот од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на настанот.

 

На 18.11.2017 година во 12,05 часот Г.Т.(47) пријавила дека на ул.“Аугуст Цесарец“  нејзиниот сопруг Г.Т. по кратка вербална расправија поради љубомора почнал да ја удира со боксови во пределот на главата и со клоци во пределот на телото притоа навредувајќи ја и заканувајќи и се. По ова пријавителката отишла во Градската општа болница за укажување на лекарска помош каде од страна на лекар биле констатирани телесни повреди. Се превземаат меки за целосно расчистување на случајот.

На 18.11.2017 година во 13,00 часот во СВР-Штип телефонски било пријавено дека на патот Бања Кежовоца–депонија Штип, кај место викано„Трештена скала“ има повредено лице во близина на трактор. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР-Штип и во присуство на Јавен обвинител бил извршен увид, при што било констатирано дека истиот ден околу 12,50 часот, С.К. (52) од Штип управувал трактор во насока Бања Кежовоца–депонија Штип, при што истиот најверојатно паднал од тракторот. Од екипата од Итна медицинска помош С.К. во неконтактибилна состојба бил пренесен во КБ-Штип, каде му биле констатирани телесни повреди. По укажаната медицинска помош, истиот иако е вон животна опасност, бил задржан за понатамошно следење и лекување. Поради неконтактибилноста на повреденото лице, не може да се утврди под какви околности настанала повредата. Се работи на целосно расчистување на настанот.

 

На 18.11.2017 година во 11,55 часот во СВР-Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро, во близина на Полициската станица за Езерска полиција бил пронајден човечки леш. Истиот бил изваден од водите на езерото а околу 14,00 часот е утврден неговиот идентитет - се работи за Ф.Ѓ.(24) од Кичево, кој престојувал и работел во Охрид, а бил пријавен за исчезнат на 16.11.2017 година. Увид извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

 

На 18.11.2017 година во 08,00 часот од страна на Р.Б.(67), Е.М.(23) и Т.З.(32) сите од Скопје, било пријавено дека на 17/18.11.2017 година па паркинг на ул.“Димитрије Чуповски“ при пад на дрво биле оштетени нивните возила (“Сеат Ибица“ “Фиат Линеа“ и “Цитроен“), паркирани на паркинг простор.

Секторот за внатрешни работи Скопје до  Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво во обид“. Имено, пријавениот на први овој месец околу 20,45 часот, во Трговскиот центар Радишани, пред крај на работното време додека вработената во аптека го средувала прометот зад работниот пулт, тој маскиран и со нож во рака влегол во аптеката и се заканил дека доколку не му ги даде парите ќе посегне по нејзиниот живот. Потоа влегол зад пултот сакајќи да го одземе дневниот промет од касата, но истовремено вработената го стиснала паник тастерот под работниот пулт за дојава на обезбедувањето и започнала да вика. Д.П. се исплашил и се дал во бекство кон паркинг плацот каде што го имал паркирано неговото возило “Сузуки Свифт“ и со голема брзина заминал го напуштил местото на настанот загрозувајќи ја безбедноста на присутните граѓани на самиот паркинг и улицата. Со наредба издадена од страна на Основното јавно обвинителство бил подигнат видео надзорот од аптеката по што од страна на полициски службеници преземени се оперативни мерки и активности и на 16.11.2017 година во с.Радишани, кај пријавениот бил извршен претрес на дом и други простории, при што биле пронајдени предмети и облека кои Д.П. ги носел при извршување на кривичното дело.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Ф.М.(53),германски државјанин со статус на постојано населен странец во Република Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Имено, на 15.11.2017 година од страна на Единицата за недозволена трговија по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на наредба издадена од Основен суд Скопје 1 Скопје, бил извршен претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени еден револвер со натпис „Тексас скаут фронтиер“ калибар 9 мм со пет куршуми, 118 куршуми калибар 7,62 мм и 11 куршуми калибар 6,35 мм. По извршеното вештачење на пронајденото оружје и муниција било утврдено дека пронајденото оружје е сигнален револвер, додека пронајдените 118 куршуми преставуваат муниција со калибар 7,62 мм и истите се наменети за полуавтоматски пиштоли, како и за одреден број на автоматски оружја, а куршумите со калибар 6, 35 мм се наменети за полуавтоматски пиштоли.Во извршениот разговор со пријавениот истиот појаснил дека сигналниот револвер го донел пред 23 години од Република Германија, додека муницијата му била дадена во 2001 година од страна на лица од германскиот корпус каде тој работел како автомеханичар.