Извадок од дневните настани 23.11.2017


  На 22.11.2017 година околу 13,20 часот во Струмица на улица „Борис Поп Димитров“, Ј.Г.(45) од Струмица, управувајќи патничко моторно возило “Ланд Ровер“ со бугарски регистарски ознаки удрил во пешакот С.Т.(80) од Струмица, која починала на местото на настанот.

На 22.11.2017 година околу 10,00 часот на автопатот Скопје - Велес, на 150 метри после тунелот „Бадар“, О.С.(47) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал во провалија. По незгодата, О.С. бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Констатирани му се тешки телесни повреди и е задржан на болничко лекување на КАРИЛ.  По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

На 22.11.2017 година во 04,30 часот вработен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ пријавил дека за укажување лeкарска помош бил донесен Б.Б.(25), кој на улица „Кемал Сејфула“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица, при што одземени му се пари и мобилен телефон.

На  22.11.2017 година  во 20,30 часот А.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 18,00 часот додека се движел од булевар „Партизански Одреди“ кон улица „Каирска“, од страна на две непознати лица му е извршено разбојништво. Имено, сторителите со закана со нож, му побарале пари, а од кога им одговорил дека нема, му го одзеле часовникот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 15.000 денари и го напуштиле местото на настанот.

На 23.11.2017 година околу 01,00 часот во Скопје на паркингот на улица „Борис Сарафов“ од засега непознати причини е опожарено и целосно изгорело патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т.(38) од Скопје. Исто така, делумно е опожарено и патничко моторно возило „Даеву Матиз“ со скопски регистраски ознаки,  сопственост на Н.С.(35) од Скопје кое било паркирано до “Oпелот“. Од страна на екипа од Противпожарна единица пожарот е изгаснат, а увид ќе се врши во текот на денот.

На 23.11.2017 година во 04,30 часот А.И.(21) пријавил дека истиот ден околу 02,40 часот на ул.“Димитрија Чуповски“ во угостителски објект бил физички нападнат од страна на четири непознати лица. Според пријавителот, прво едно од лицата го турнало на земја и го удрило, а потоа откако бил на подот сите четворица започнале да го удираат со клоци и тупаници во пределот на целото тело. Притоа нанесени му се видливи повреди во вид на црвенило и оток на главата заради што му била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ а од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 22.11.2017 година во 19,30 часот М.С.(33) пријавила дека истиот ден околу  14,00 часот во нејзиниот дом во с.Кондово од страна на нејзиниот сопруг С.А.(36) била физички нападната, при што истиот ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото. Потоа С.А. го зел нивниот осум годишен син и излегол од домот, а М.С. изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош и таа била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 22.11.2017година во 16,40 часот П.В.(76) пријавила дека истиот ден околу 15,30 часот од страна на непознато лице била измамена при што и биле одземени 6.000 денари. Имено, откако непознатото лице дошло во нејзиниот дом на ул.“Франц Лист“, тој на неа и на нејзиниот сопруг им понудил набавка на огревни дрва по цена од 2.000 денари, по што се договориле сторителот заедно со нејзиниот сопруг да одат на ул.“Благоја Стевковски“ на плац за да ги видат дрвата.  По извесно време лицето се вратило само, без нејзиниот сопруг, и и рекло на оштетената дека се договориле нејзиниот сопруг, кој наводно бил на плацот да ги купи и донесе дрвата, а таа на него  да му даде 6.000 денари. Откако П.В. му ги дала парите, лицето си заминало, а по кратко време се вратил и нејзиниот сопруг кој и појаснил дека бил оставен да чека во близина на Кино Маџари и воопшто не бил однесен на плац за дрва, ниту пак биле донесени наведените дрва во нивниот двор. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 22.11.2017 год во 19,45 часот З.С.(44) пријавил дека на 21.11.2017 година околу 20,30 часот на ул “Лука Геров“ од страна на неколку непознати лица било извршено разбојништво над неговата 17 годишна ќерка. Имено додека малолетничката се движела кон автобуската постојка била престретната од лицата при што едно од нив извадило нож и со закана и го одзел мобилен телефон по што го напуштиле местото на настанот. Се превзамаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 22.11.2017 година во Полициско одделение Сарај дошол Н.Ѓ. и пријавил дека на 21.11.2017 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Н.Ш.(19). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


Сектор за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Е.И.(57) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 од КЗ на РМ. Имено, на 02.11. годинава пријавениот отишол во адвокатска канцеларија лоцирана на улица “Битпазарска“ и на вработена во канцеларијата и оставил лист со испишана заканувачка содржина и пеш се упатил кон објектите на Апелационен и Врховен суд на Република Македонија, каде се изрекувале пресуди на обвинети во судски процес. Откако истиот пристигнал пред Врховен суд, полициските службеници забележале дека истиот околу појасот има залепено прачки кои наликувале на импровизирана експлозивна направа, кои всушност биле петарди.

Сектор за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против О.М.(39) од Куманово за постоење основано сомнение дека сторил кривично дело “разбојништво”. Пријавениот на 01.10. годинава околу 12,30 часот во викендица во село Шупли Камен, Куманово, со закана со пиштол, кон С.Т. и неговата сопруга В.П., одзел два паричника, два мобилни телефони и возило марка „Опел Астра“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 541 .000 денари.


Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга во два одвоени случаи поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела “бесправно градење“ и “узурпација на недвижности“ поднесе  кривична пријава  против   Џ.М.(34) од Дебар и Б.В. (37) од село Велешта, струшко. Во првиот случај Џ.М. како инвеститор, во Дебар, на улица „Ристо Крле“, без одобрение за градење, изградил доградба на деловен простор од метална конструкција, на просторот помеѓу два објекти, сопственост на Р. Македонија. А во вториот случај Б.В. како инвеститор, во Струга на улица „Мислешевски Пат“, спротивно на одобрението за градење  и основниот проект, изградил еден кат повеќе од објектот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи  Гостивар  поднесе кривична пријава  против К.Т.(31) од Дебар заради основано сомнение дека сторил кривично дело “соизвршителство“ во врска со кривичните дела “пустошење на шума“ и “кражба на дрва“. Пријавениот заедно со 13 годишно лице од село Ломница, Гостивар, од април до почетокот на мај годинава во атарот на село Ѓурѓевиште на местото викано “Забел“, во приватна шума извршил бесправна сеча на 112 стебла огревно дрво, со што  предизивикал материјална штета од 333.675 денари.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи  Гостивар  поднесе кривична пријава  против А.Р.(47) од  село Речане, Гостивар поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела “пустошење на шума“ и “кражба на дрва“. На  01.06. годинава во атар на село Ново Село, гостиварско во местото викано “Свинци“,  кога службени лица од ШПС-ШАР Гостивар, се обиделе да му го попречат патот на пријавениот, којшто со возило “Нисан“ вршел превоз на бесправно посечена дабова и букова дрвна маса, се дал во бегство, по што било констатирано дека пријавениот имал, бесправно посечено 9.80 метри кубни букова дрва  и 8.13 метри кубни дабови дрва, со што ја оштетил Р.Македонија за 161.370 денари. На  22.10. годинава, полициски службеници, го затекнале пријавениот со возилото “Нисан“, во коешто превезувал 1.3 метри кубни бесправно посечена букова дрвна маса, без шумски жиг, со што ја оштетил Р.Македонија за  13.650 денари.