Извадок од дневните настани 24.11.2017

На 23.11.2017 година околу 13.30 часот при вршење на градежни работи на куќа која се наоѓа на улица „Максим Горки“  во Велес, од страна на сопственикот на куќата И.Ѓ.(68) во еден од ѕидовите пронајдени се 18 пиштоли марка „Нагантс“  калибар 7,62 мм. Увид на местото на настанот изврши екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.

На 23.11.2017 година во 08,40 часот на регионалниот пат Пробиштип-Кратово, во с.Приковци, кратовско, поточно на место викано „Бигорска Чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пасат“ со штипски регистарски ознаки управувано од  Р.Е.(54) од Пробиштип и патничко моторно возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(38) од с.Цветово, скопско. Во незгодата со повреди се здобила сопатничката во патничко моторно возило „Пасат“ Д.И.(74) од Пробиштип, која е пренесена во Медицински центар Штип, каде околу 11,00 часот починала.    Со телесни повреди се здобиле возачите и сопатниците во возилата, кои со возила од Итна медицинска помош од Јавна здравствена установа Кратово и Пробиштип и со приватни возила се пренесени во Медицински центар Штип, каде Р.Е. и С.С. се задржани на понатамошно лекување, а останатите сопатници К.Г.(45) од Пробиштип, Џ.Н.(43) од с.Цветово и Р.А.(53) од с.Батинци, по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На 23.11.2017 година во 21.30 часот во Скопје на улица "84" - Кисела Јабука во продавница „Ман Трејд“, две непознати лица вооружени со пиштоли со закана од вработената С.Д.(54) и нејзиниот сопруг С.Д.(56), кој го удриле со рачка од пиштол, одзеле околу 30.000 денари.  С.Д. е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“.  Извршен е увид на местото на настанот.

На 23.11.2017 година во времето од 10.00 до 18.20 часот во с.Ивањевци, битолско во куќата на Т.Л.(63), непознат сторителот преку балконската врата која била отворена, влегол внатре и одзел околу 27.000 денари, пиштол марка „ЦЗ М-88“ калибар 9 мм и дозвола за поседување на оружје, еден ДВД плеер  и ресивер. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 23.11.2017 година околу 19,10 часот во Куманово на улица „Никшиќка“ непознато лице истурило и запалило непозната запалива течност најверојатно бензин до тротоарот, каде било паркирано патничко моторно возило „Опел Тигра“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Љ.М.(72). Од предизвиканиот пожар се запалил дел од патничкото моторно возило  (браникот и регистарската ознака). Пожарот е изгаснат од синот на оштетената. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.11.2017 година во 17.00 часот, лицето Е.К. (55) од Скопје  пријавила дека истиот ден околу 12.00 часот од основното училиште „Васил Главинов“ исчезнало нејзината 12-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 23.11.2017 година во 16.00 часот од приватна фирма од с.Горно Лисиче пријавиле дека во периодот од 15.10.2017 година до 05.11.2017 година, во нивен објект кој не е во функција, непознат сторител извршил тешка кражба.  Сторителот, со употреба на погоден алат и физичка сила влегол објектот, демонтирал и украл главна табла од струјата, сите помошни табли, кабли од електрична инсталација и одзел противпожарни црева, четири рефлектори, четири големи сијалици, ограда од внатрешни скали и пет алуминиумски прозори. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 23.11.2017 година во 10.39 часот Б.А.(30) од населба Илинден, скопско, пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот, позади домот на културата во населба Илинден, бил пресретнат и физички нападнат од страна на две непознати лица. Едното лице со нож замавнало и го удрило во пределот на градите, а другото лице одзади го удрило со остар предмет во грбот и му нанеле повреди.  После тоа, сторителите избегале во непознат правец.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 23.11.2017 година околу 16.00 часот полициски службеници од полициската станица Гостивар, по судска наредба, го привеле лицето К.С.(47) од Гостивар, кој бил осуден на едногодишна затворска казна за кривично дело „тешка кражба“.  По приведувањето, К.С. бил предаден во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

На 23.11.2017 околу 01,00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Борис Сарафов“ непознат сторител дошол до паркирано патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистерски ознаки сопственост на Г.Т.(38) и со употреба на запаливи материи кои ги поставил на горните делови од пневматиците и со употреба на средство за палење, предизвикал пожар и го напуштил местото на настанот. Пожарот се раширил и зафатил поголем дел од  возилото. Опожарени биле и: патничко моторно возило „Шевролет матиз“ со скопски регистерски таблици сопственост на Н.С.(35), два прозора и надворешна единица од климатизер сопственост на Р.Ј.(56), надворешна единица од климатизер од продавница сопственост на П.З. и надворешни ролетни на два прозора од станот сопственост на И.С.(68). Од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје бил локализиран пожарот. Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и при криминалистичко техничка обработка биле подигнати опожарени материјали и истите биле предадени за понатамошна постапка.  За настанот бил известен Јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23.11.2017 година во 22.30 часот А.Х. од с.Арачиново, пријавил дека околу 15,30 часот во канцеларијата на градоначалникот на општина Арачиново, влегол С.А. и рекол дека ќе ја запали oпштинската зграда по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево  поднесе  кривичнa пријавa   против   Д.П.(26) од Штип за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори”  и  „Овозможување на употреба на наркотични дроги”. На 30.07.2016 година во село Чифлик, делчевско, во близина на местото викано „Кулата”, откако пријавениот, направил џоинт, и го конзумирал со лице од Штип, полициски службеници, извршиле преглед, при што кај пријавениот пронашле 8,85 грама марихуана и дробилка.
 
Сектор за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против И.Н.(20) од Битола за сторено кривично дело „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”., При претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени две детонаторски каписли, што се користат во градежништвото или за воени потреби, и 928,4 грама бездимен црн барут.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.А.(29) од Прилеп за сторено кривично дело „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”. При извршен претрес во Прилеп во домот на пријавениот биле пронајдени  16 парчиња боева муниција  калибар 7,9 милиметри и ловечки патрон  калибар 16 милиметри.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против  Ж.П.(33) од село Свети Митрани  за сторено кривично дело „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”. При извршен претрес во село Свето Митрани, во домот на пријавениот биле пронајдени  ловна пушка марка „ ИЖ“ 18  и 22 ловни патрони калибар 16 милиметри, којшто ги поседувал без дозвола.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против ,,ТРАЈЧЕ КАРАОРМАН“ ДООЕЛ село Пашино  Рувци, Кривогаштани и К.П.(31) од село Пашино Рувци за сторени кривични дела „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување  деловни книги“, и против Б.М.(30) од Прилеп за сторени кривични дела  „Помагање“ во врска со „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување  деловни книги“,и против Д.Ј.(30) од Прилеп за сторено кривично дело  „Помагање“ во врска со „Даночно затајување“. Првопријавениот, како сопственик и управител на правниот субјект ,,ТРАЈЧЕ КАРАОРМАН“ ДООЕЛ село Пашино  Рувци, во текот на 2013 година, за да не ја прикажи вистинската финансиска состојба за 2013 година, во договор со второ и третопријавениот, без економска оправданост,  од сметката на ,,ТРАЈЧЕ КАРАОРМАН“, извршил исплата на 790.000 денари на сметката на ,,АТОМ ДК“ ДООЕЛ Прилеп, чијшто сопственик е второпријавениот, и 300.000 денари на трансакциска сметка  на третопријавениот. Потоа второпријавениот  паричните средства, што ги префрлил првопријавениот, по  претходен договор, без никаква економска оправданост ги префрлил на трансакциската сметка на третопријавениот. Третопријавениот, пак, целокупно префрлените парични средства, од прво и третопријавениот  ги подигнал од банка, и му ги вратил на првопријавениот, по што првопријавениот изготвил и поднел завршна сметка за 2013 година, во којашто внел невистинити податоци за реалната добивка,   и на таков начин одбегнал да плати данок , по разни основи,  со што  го оштетил буџетот на Р.Македонија за 230.099 денари.

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  Е.Ѓ (21) од с.Просениково, струмичко, поради постоење основи на соменение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член  237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот Законик  на Република Македонија. На 21.11.2017 година околу 21.37 часот, на ул. „24 Октомври„ во  Струмица, пријавената физички ја нападнала  Р.М. (80) од Струмица. Таа ја нападнала од позади грб и  ја турнала по што паднала на тротоарот, по што и одзела женска чанта и побегнала.  За време на настанот, оштетената викала и барала помош.  Тоа го слушнале четири малолетници  кои се приближиле до оштетената и откога дознале за што се работи  веднаш почнале да трчаат по пријавената.  За кратко време пријавената влегла во такси возило, каде било оставено нејзиното бебе, со намера да замине.  Едно од децата застанало пред возилото и му кажало на возачот дека жената украла чанта.  Тоа и  ја одзело чантата и ја вратило на Р.М.  Таа проверила и забележала дека и бил украден женски паричник во кој имала пари и лични документи. Во тој момент, Е.Ѓ. го зела бебето и избегала.  Во нападот,  Р.М. се здобила со тешки телесни повреди и и  била укажана медицинска помош.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар  поднесе кривична пријава    против  В.М.(54) од  Гостивар и А.Н.(53) од  село Железна Река, гостиварско, за сторени кривични дела ,,Злоупотреба на службената положба и овластување“  и ,,Несовесно работење во службата“.  На  01.06.2017 година во 16,00 часот во атар село Ново Село биле затекнати лица коишто со возило „Нисан“ вршат превоз на бесправно посечена дрвна маса, при што  на  местото била пронајдени 4 метри кубни дабова и букова дрвна маса. При тоа, пријавените, вработени во ШСПЕ ,,ШАР“ – Гостивар, го фотографирале возилото, а на лицата кои што го транспортот и бесправната сеча, им овозможиле да ја земат моторната пила и да го напуштат самото место. Со ова, пријавените  овозможиле да се изврши бесправна сеча на 17,93 метри кубни дрвна маса, и предизвикале материјална штета од 161.370 денари.