Извадок од дневните настани 01.12.2017

На 30.11.2017 година во 10,50 часот во Охрид на ул.„Македонски Просветители“, во банка “Силк Роад“, непознат сторител вооружен со пиштол влегол во банката и со закана од вработените одзел околу 60.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 30.11.2017 година во ПО-Групчин, Ќ.Х. пријавил дека на патот за с.Стримница кај место викано “Ледина“, било пронајдено тело на непознато машко лице на возраст од околу 40 години. Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово, во содејство со Јавен Обвинител и лекар од Судска медицина, бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека во бездна покрај локалниот пат с.Желино-с.Стримница имало починато лице. Од страна на лекар од Судска медицина во Клиничкиот Центар во Тетово бил извршен надворешен преглед врз телото на починатиот, при што не биле пронајдени видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.    

На 30.11.2017 година во ПС Драчево Е.С.(45) пријавила дека на 28.11.2017 година  од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.С.(21). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 30.11.2017 година околу 20.50 часот, во Полициската станица Гостивар, М.Ш. (35) од с.Добридол, физички нападнал полицискиот службеник, по што M.Ш. се дал во бегство. Тој бил приведен поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Нешто подоцна, М.Ш. бил пронајден пред неговиот дом во Добридол и повторно бил лишен од слобода. Во координација со Јавен обвинител, тој бил задржан во Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против М.Ш. ќе биде поднесен соодветен поднесок.     

                              
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.П. (55) од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „разбојништво“. Ноќта на 30.10.2017 година, во продавница лоцирана на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, пријавениот маскиран и со закана со пиштол, извршил разбојништво и од касата одзел 19.500 денари. На 29.11.2017 година, бил извршен претрес во просториите на куќата во која моментално пријавениот престојувал, при што биле пронајдени и одземени предмети кои биле предмет на кривично дело.
ПС Струга поднесе кривична пријава против Т.Н.(28) од Струга, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 10.11.2017 година во куќа во Струга сопственост на И.А.(55), пријавениот со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба, од каде одзел телевизор, облека , мобилен телефон, ДВД, звучници, пари и злато со што била причинета материјална штета од 120.000 денари.


СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Радовиш, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“. Во временскиот период од 17,30 часот на 21.11.2017 година до 08,50 часот на 22.11.2017 година, пријавениот со употреба на погоден алат насилно го скршил катанецот од влезната врата од автосервис во Радовиш, од каде одзел патничко возило „Опел корса“, со што се стекнал со противправна имотна корист од 250.000 денари.


ПС Свети Николе поднесе кривична пријава против  З.Т. (50) од Свети Николе, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “. Во периодот од 01.04.2013 година до 31.10.2017 година пријавениот, во својство на гадоначалник на општина Свети Николе, ја злоупотребил својата службена положба на начин што дозволувал на физички лица во своите приватни патнички возила да наточат гориво на трошок на општината, а за да го оправда истото му наредувал на шефот на возниот парк Б.З. при плаќањето со Верна Плус картичките од Општина Свети Николе лажно да го  прикаже горивото дека било наточувано во службените возила на Територијалната противпожарна едниница-Свети Николе. Потоа пријавениот со својот потпис ги одобрувал издадените фискални сметки, со што го оштетил буџетот на општината за износ од 762.041  денари.


ПС Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.В.(22), од с.Дреново, Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 31.05.2017 година, пријавениот со искористување на податоци – ПИН код и Дебитна картичка ВИСА од НЛБ Тутунска банка, сопственост на Б.С. од Кавадарци, неовластено навлегол, преку АТМ банкоматот на Тутунска банка на ул.“Илинденска“ во компјутерскиот систем на истата и извадил во два наврата вкупно 6000 денари пари, кои ги присвоил за себе.


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Н. (48) од Куманово,  поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело “насилство”. Пријавениот бил вработен на работно место хигиеничар во Основно Училиште “Бајрам Шабани” во Куманово до април 2017 година кога самиот дал отказ од работното место и потоа повторно сакал да се врати на работа, но директорот на наведеното училиште Г.Р.(49) од Куманово, не бил во можност да го врати на работно место. Од тогаш започнал револт на пријавениот према Г.Р. по што на 29.11.2017 година, околу 11,00 часот, пријавениот заедно со неговиот син дошол во горенаведеното училиште, влегле во канцеларијата на Г.Р. и по кратка вербална расправија почнал да го удира со тупаници во предел на глава и тело при што му нанел телесни повреди.


СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Ш. (35), Ѓ.Д. (28), Ј.Ш.(26), Е.Ш. (33) сите од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. На 25.11.2017 година, во с.Василево-струмичко пријавените поради недоразбирање во врска со устен договор за купопродажба на моторно возило, дошле во дворното место на оштетените, каде извршиле насилство, при што А.Ш. физички нападнал едно од оштетените лица пред неговото семејство, меѓу кои имало и деца, кои во моментот на нападот од пријавените претрпеле страв и психичка траума. На 28.11.2017 година, во СВР Струмица, еден од оштетените пријавил дека на 27.11.2017 година, Ѓ.Д. телефонски му се заканувал дека доколку не се откаже од гонење за пријавеното насилство ќе има проблеми.