Извадок на дел од дневните настани 03.12.2017

На 02.12.2017 годинa во 03,00 часот во Скопје на улица „Борис Трајковски“ Д.З.(32) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Фиат Браво“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метална бандера за улично осветлување и во паркирано возило „Тојота Јарис“, исто така со скопски регистарски ознаки. По незгодата, со возило на Итна медицинска помош сопатниците од возилото „Фиат Браво“ С.Л.(19), М.В.Т.(19) и К.М.(20) сите од Скопје, се пренесени во Ургентен центар - Скопје, каде на С.Л. и се констатирани тешки телесни повреди и во животозагрозувачка состојба е задржана на лекување. Oстанатите се здобиле со телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На 02.12.2017 година во 17,30 часот во Скопје на крстосница од булевар „8-ми Септември“ со улица „Момин Поток“, патничко моторно возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(61) од Скопје удрило во велосипед управуван од непознато машко лице на возраст од 60-70 години. Во незгодата со повреди се здобило лицето кое го управувало велосипедот и со возило на Брза помош е пренесено во Ургентен центар - КАРИЛ, каде му се констатирани тешки телесни повреди (коматозна состојба) и е задржано на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На 02.12.2017 година во 17,50 часот во Скопје на улица „Никола Карев“  патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ц.(31) од Скопје, удрило во пешаците С.К.(65) и Б.К.(67) двајцата од Скопје. С.К. со возило на  брза помош е пренесена во Градска оппшта болница „Св.Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржана на понатамошно лекување, додека Б.К.со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар - Скопје, каде исто така му се констатирани тешки телесни повреди  и истиот е во животозагрозувачка состојба и е задржан на лекување во КАРИЛ. Извршен е увид на местото на настанот.

На 02.12.2017 година во 20,00 часот од страна на полициски службеник е пријавено дека  на улица „Никола Русински“, неговиот колега униформиран полициски службеник бил удрен од патничко моторно возило "Фиат стило" со скопски регистарски ознаки и истиот е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани телесни повреди и пуштен е на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот. За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

На 02.12.2017 година во 22,00 часот во Скопје, на улица „Маџари“ во спортска обложувалница „Спорт Лајф“, од страна на две непознати лица со закана со пиштол извршено е разбојништво, при што се одземени 151.500 денари од дневниот промет. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

На 03.12.2017 година во 09.10 часот во Полициска станица Гостивар вработен во спортска обложувалница ,,Спорт Лајф,, лоцирана на улица "Маршал Тито" во Гостивар пријавил разбојништво извршено од непознато лице кое со закана со пиштол го одзел дневниот промет по што го напуштил местото на настанот. Извршен е увид, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01/02.12.2017 година во времето од 16,30 до 07,00 часот во с.Стојаково, гевгелиско  на улица „Маршал Тито“, во објект на Македонски пошти непознат сторител извршил тешка кражба. Откако насилно ја отворил влезната врата, со погоден алат ги отворил вратите од металниот сеф, во кој имало 195.740 денари, ги земал парите и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 02.12.2017 година во 12,00 часот од страна на мешовит патролен тим од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија-Скопје кај место викано „Паркинг Милетково“ било забележано патничко моторно возило „Рено Еспејс“ со велешки регистарски ознаки, при што на даден знак возачот да го запре возилото, истиот ја зголемил брзината и се упатил по локалниот пат кон село Миравци, каде по неколку стотини метри го запрел возилото и се дал во бегство. Од страна на полициски службеници, лицето е приведено, при што е констатирано дека се работи за С.М.(35) од с.Бузалково, велешко. При контролата на возилото во истото се пронајдени дванаесет лица-мигранти, и тоа по пет лица од Авганистан и Пакистан и две од Шри Ланка. По инструкции од Јавен обвините, две од лицата ќе се спроведат до Транзитен Центар - Скопје, а останатите ќе бидат однесени во Прифатен центар за странци - Гевгелија. Возачот е предаден во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 03.12.2017 година во  03,30 часот нa Граничен премин Богородица за влез во Република Македонија во товарно моторно возило ,,Волво‘‘ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Т.(63) од Србија, со место на живеење во Скопје, откриени се 14 илегални мигранти, сите од Сирија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2017 година во 09,00 часот во Полициска станица од општа надлежност Драчево О.Н.(70) пријавил дека околу 08,00 часот, додека се движел со велосипед на улица Коперникова, од страна на три кучиња скитници бил бутнат од велосипедот, а потоа бил каснат во пределот на надколеницата на левата нога, по што се упатил во поликлиниката Драчево, каде побарал лекарска помош.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Г.(27) од село Мралино, скопско и Ф.С.(19) од село Агино, кумановско поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело “тешка кражба“. Пријавените казненото дело го сториле на 29.09.2017 година во базна станица на “Телеком Македонија“ каде со подесен алат ја отвориле влезната врата и одзеле три акомулатори за напојување. На 21.09.2017 година пријавените исто така со подесен алат го пресекле кабелот од базната станица на “ОНЕ-ВИП“ лоциран во месноста “Св Еразмо“ при што дошло до опожарување на истата. Првопријавениот Ј.Г. во периодот од 2014 до 2016 година со подесен алат во неколку наврати влегол во базните станици на повеќе локации сопственост на “ОНЕ-ВИП“ и во базната станица на “АД Неотел“ и одзел акомулатори, кабли, бакарни ленти и гориво за напојување на генератор.