Извадок од дневните настани 04.12.2017

На 03.12.2017 година околу 11,30 часот во Тетово на бул. “Видое Смилевски Бато“ А.И.(34) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „Опел Вектра“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот У.Ј.(71) од Тетово. Во незгодата пешакот У.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиничка болница Тетово, каде е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Сектор за внатрешни работи Тетово.

На 03.12.2017 година околу 18,40 часот Д.Т.(73) пријавила дека во нејзината куќа на улица "Божин Николов" во Скопје влегло непознато машко лице и побарало помош бидејќи непознати лица пукале во истиот со огнено оружје. Од страна на полициските службеници кои излегле на местото на настанот констатирано е дека се работи за лажно пријавување. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодвете поднесок.

На 03.12.2017 година во 03,20 часот во Полициска станица Гостивар, М.Ш.(24) пријавила, дека околу 03,00 часот на улица „Браќа Гиноски“, додека Е.Г.(21) од Р.Турција, студентка во Гостивар, се движела по наведената улица била пресретната од непознато лице кое насилно ја одвлекло позади зградата и откако не успеал да изврши обљуба над истата, и ја одзел чантата во која имала мобилен телефон и околу 600 денари, по што лицето го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 03.12.2017 година во 14,00 часот во Полициска станица Гостивар, Ѓ.С. (39) од с.Речане, гостиварско, пријавила дека на 01.12.2017 година околу 19,00 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечила нејзината ќерка В.С. (17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 03.12.2017 година во 05,15 часот на Граничен премин - Аеродром „Александар Велики“ - Скопје, за излез од Р. Македонија се пријавил турскиот државјанин Г.Х.(34), кој во турската патна исправа имал фалсификувана швајцарска виза. Истиот во 09,00 часот е предаден на полициски службеници од Регионален центар Север за понатамошна постапка.
 
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе известување против две малолетни лица од Охрид на возраст од 13 и 14 години за сторено кривично дело “Предизвикување општа опасност“. Пријавените на 09.11.2017 година во Охрид, во дворот на ОУ "Григор Прличев" биле забележани како претураат непозната течност, по што се слушнала силна експлозија. Исто така 13- годишното лице ноќта помеѓу 11.11. и 12.11.2017 година во Охрид, фрлило две пластични шишиња во дворно место позади зграда, каде што настанале две последователни експлозии.


На 03.12.2017 година во 15,30 часот Г.Т.С.(49) пријавила дека претходниот ден околу 22,30 часот, во Скопје на улица “Волгоградска“ нејзиниот 14 годишен син бил физички нападнат од страна на повеќе лица од кои со тројца се познавал, при што се здобил со видливи повреди-модринки во пределот на лицето, главата и вратот. По физичкиот напад лицата го напуштиле местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 03.12.2017 година околу 19,00 часот на улица "Божин Николов" во Скопје по претходна пријава за сторено кривично дело се упатиле полициски службеници кои забележале патничко моторно возило "Даеву Рејсер" со скопски регистарски ознаки во кое имало две лица. Бидејќи истите не застанале на даден знак туку со голема брзина го напуштиле местото на настанот од страна на полициски службеник е испукан еден проектил во воздух поради предупредување. Околу 19,15 часот на булевар "Борис Трајковски" во правец од населба Пинтија кон Драчево возилото повторно не застанало на даден знак, истите се дале во бегство и ја пробиле блокадата. Потоа го оставиле возилото и пеш избегале во непознат правец, по што од страна на полицискиот службеник повторно биле испукани уште неколку проектили во воздух. За настанот е известен Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 03.12.2017 година околу 08,40 часот М.Т.(46) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 03,00 до 07,00 часот во село Трубарево поточно РЖ “Трубарево“- Македонски Железници, од страна на непознат сторител била извршена  тешка кражба при што биле одземени пет квачила за спојување на вагони. Тешката кражба била извршена на тој начин што откако непознатиот сторител дошол до вагоните и со употреба на погоден алат ги демонтирал  квачилата,  ги одзел и го напуштил местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.


На 03.12.2017  година  во  00,45  часот во Полициска станица  Ѓорче Петров С.С.(24) пријавила дека на  02.12.2017 година околу 20,00  часот во село Волково додека  одела  пеш  кон  куќата  на нејзината  пријателка, била пресретната  од  нејзиното поранешно  момче  Г.Н.(24)  кој  бил  во неговото возило и истиот застанал и преку  отворениот  прозорец и рекол да влезе  во  возилото. С.С. најпрвин не сакала да  влезе, но тој продолжил да инсистира и истата влегла  во  возилото. Потоа тој почнал да вози кон неговиот дом. Кога пристигнале пред неговата куќа, излегле од возилото и Г.Н. почнал да ја влече за раце и за јакната и ја туркал по скалите на вториот  кат во куќата. Двајцата започнале разговор но тој  веднаш и го одзел мобилниот телефон за да  видел со кого разговарала и кога С.С. побарала да и го врати телефонот тој физички ја нападнал,  удирајќи ја со повеќе удари со тупаници по лицето, главата и телото, и ја  турнал  на  земја. Во еден момент оштетената истрчала кон влезната врата за да избега, но тој ја стигнал, ја фатил и продолжил  да ја  удира  по  грбот со тупаници. Истата  успеала  да  се  оттргне од него  и  избегала по  скалите, а тој  продолжил да ја  брка, но С.С. избегала и  веднаш  ја  повикала  нејзината пријателка, којашто  ја однела кај неа дома, а оттаму ја однела на лекар во  Ургентниот Центар во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.