Извадок од дневните настани 08.12.2017

 На 07/08.12.2017 година во времето од 22,00 до 02,00 часот во ПС-Аеродром, пријавени се шест настани во врска со напад на куче скитник врз граѓани на подрачјето на населбата Аеродром, помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и .„АСНОМ“. Се работи за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години, кои се каснати од куче. Од страна на ПС-Аеродром била известена шинтерската служба на град Скопје.

 

На 07.12.2017 година во 04,05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Филип Втори Македонски“,  поточно на такси станица две непознати лица извршиле разбојништво над Р.Р.(30), возач на такси возило. Имено, додека оштетениот возел, бил запрен од две непознати лица, кои седнале на задното седиште и му рекле да вози во правец на населбата Чаир. По поминати 50-ина метри, едно од лицата извадило нож и му го ставил под грлото на возачот и му побарало пари. По ова Р.Р. им дал 3.200 денари, а едно од лицата го удрило со рака во пределот на лицето. Кога стигнале на ул.„Дижонска“, застанале на раскрсницата со ул.„Божин Стојков“, каде што оштетениот уште неколку пати бил удрен по лицето со тупаници од страна на двете лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 07.12.2017 година околу 22,25 часот во ПС-Берово, М.В. (61) пријавил дека истиот ден движејќи се кон својот дом бил пресретнат од страна на две непознати маскирани лица, кои му одземале кожна ташничка во која имало околу 7.100 денари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 07.12.2017 година било пријавено дека во времето од 14,00 до 19,45 часот во Битола на ул.„Филип Втори Македонски“ во куќата сопственост на З.У. (51), непознат сторител извршил тешка кражба, отворајќи ја насилно влезната блиндор врата притоа одземајќи околу 255.000 денари и разновиден златен накит (златници, прстени, обетки, ланчиња, привезоци) стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 320.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
 

На 08.12.2017 година во 03,30 часот во ПС-Тетово, Р.К. (47) пријавил дека на 07.12.2017 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 07.12.2017 година во 06,00 часот во СВР-Куманово, М.А. (43) пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 16 годишен син. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 07.12.2017 година во СВР-Струмица, У.А. (41) пријавил дека истиот ден околу 20,30 часот, од домот во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.                                   

 

На 07.12.2017 година во 17,00 часот во ПС-Куманово од Медицинскиот Центар-Куманово, било пријавено дека кај нив била донесена повредена В.Д. (53)  од Старо Нагоричане, која истиот ден околу 13,30 часот додека работела во фабрика лоцирана во с.Драгоманце, паднала и се повредила во пределот на двете стапала, при што се здобила со тешки телесни повреди и како итен случај била пренесена на лекување во Ургентниот Центар-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово во присуство на инспектор од Државен инспекторат за труд.

 

На 07.12.2017 година во 12.20 часот Ј.Т.(87) пријавила дека истиот ден околу 11,00 часот на ул.“Народен Фронт“ во Скопје од страна на непознато лице била измамена односно и биле одземени 30.000 денари. Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако оштетената ја извадила пензијата од банка, во еден момент била сопрена од  страна на лицето кое на вратот носело некаков беџ, при што истото ја довело во заблуда дека било вработено во банката од каде ги извадила парите, односно дека треба да ги провери парите бидејќи наводно биле фалсификат. Оштетената ги извадила парите од ташната и му ги дала, а во еден момент непознатото лице со трчање избегало од местото на настанот.

 

На 07.12.2017 година во 08,30  К.С. пријавила дека на 06/07.12.2017 година во времето од 16,00 до 08,30 во црквата “Рожденство на пресвета Богородица“ во населба Аеродром во Скопје, од страна на непознат сторител со употреба на физичка сила насилно била отворена влезната врата од црквата при што било влезено внатре и од олтарот кој се наоѓа во средишниот дел на црквата биле одземени околу 6.000 денари. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.12.2017 година во 15,30 часот Л.А.(29) пријавила дека на 04.12.2017 година  околу 01,00 часот во с.Идризово-скопско во семејниот дом била физички нападната од страна на нејзиниот невенчан сопруг П.К.(29). Тој повеќе пати ја удирал со тупаници  во пределот на носот, лицето и стомакот, кубејќи ја за косата  и  давејќи  ја во пределот на вратот, и притоа заканувајќи и се дека доколку вика ќе ја убиел. Од физичкиот напад оштетената се здобила со видливи повреди во пределот на главата. Се работи на целосно расчистување на случајот

                          

На 08.12.2017 година во 06,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на Бул.“Јане Сандански“ позади Трговски центар “Капитол“ било опожарено возило “Мерцедес“ сопственост на правно лице. Од пожарот бил оштетен задниот дел од возилото. Се работи на целосно расчистување на случајот.