Извадок од дневните настани 10.12.2017

На 09.12.2017 година на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на асвалтната база “Пелагонија“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила и тоа: “голф“ управувано од Ф.О.(34), потоа возило “Лупо“ управувано од З.М.(58) и возило “Киа“ управувано од Т.А.(59) тројцата од Гостивар. Во незгодата З.М. се здобил со тешка телесна повреда, додека возачот Т.А и уште седум сопатници од трите возила се здобиле со телесни повреди и истите биле пренесесени во Медицинскиот Центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од ПС Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.
 
На 10.12.2017 година во 04,30 часот било пријавено дека на патот Охрид–Ресен кај с.Крушје, патничко моторно возило „Фиат Панда“ со скопски регистерски таблици управувано од К.Д.(61) од Битола излетало од патот. Во незгодата со повреди се здобиле сопатничките Е.П.(56) и М.М.(52) од Битола, кои биле пренесени во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 09.12.2017 година во 21,30 часот било пријавено дека во хотел во населбата Илинден, од страна на едно лицe кое било гостин во хотелот било извршено насилство. Лицето почнало да крши дел од инвентарот од ресторанот на хотелот и во еден момент кога вработените избегале во кујната, зело нож и почнало да замавнува кон нив. Потоа лицето, заедно со негов пријател со кој биле во хотелот, со возило го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 09.12.2017 година во 13,30 часот било пријавено дека во временскиот период од 07 до 09.12.2017 година во Градскиот трговски центар- Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали, при што одзел: 19 пиштоли марка „Глок“, „Берета“, „Хеклер и Кох“ и девет ловни пушки марка „Берета“, „Фабарм“ и „Моеберг“ и „Диана Класик“ (воздушна пушка) по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

На 09.12.2017 година во 20,00 часот на Граничниот Премин“Табановце“, на излез од Р.Македонија, Д.Г. (40) од Р.Србија бил приведен поради постоење основи на сомнение за фалсификуван вин број на патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со српски национални ознаки. Со потврда било одземено возилото и предадено за понатамошна постапка.

На 10.12.2017 година во 01,00 часот на Граничниот Премин“Табановце“, на излез од Р.Македонија, поради постоење основи на сомнение за фалсификувана патна исправа бил приведен Е.Р. (23) од Р.Албанија. Патната исправа со потврда била одземена и предадена за понатамошна постапка.
                                        
На 09.12.2017 година околу 15,55 часот било пријавено дека во Скопје, во трговскиот центар „Сити мол“ на најгорниот паркинг, од засега непознати причини, избувнал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици сопственост на М.А.(31) од Тетово. Пожарот бил изгаснат од страна на лица од обезбедувањето на трговскиот центар.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга. Тој, кривичното дело го сторил на 10-ти минатиот месец во Струга кога со подесен предмет насилно го отворил прозорот од куќа, влегол и одзел пари во разна валута, злато, телевизор, разновидна облека, еден мобилен телефон, ДВД, звучници и други поситни предмети. Со извршувањето на кривичното дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 120.000 денари.