Извадок од дневните настани 11.12.2017

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д. (44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”. Пријавениот,  од  април 2015 година до 22 август годинава на  И.Х.(51) и А.И. (43), двајцата од Куманово, им ветил дека ќе им посредува да добијат бугарски пасош, за што  во повеќе наврати им зел  вкупно 3 500 евра.

На 10.12.2017 година во 23,15 часот во ПС“Карпош“ било пријавено дека на ул.“Разловечко Востание“ пред станбена зграда пронајдени биле две отруени кучиња. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот и бил извршен увид. Денеска во 08,45 часот било пријавено дека на подрачјето на ПС “Аеродром“ на булеварот “Јане Сандански“, од страна на непознато лице бил оставен отров во куќарка за куче. Се превземаат мерки за расчистување на случаите.

На 11.12.2017 година околу 03,00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Жан Жорес“ од непознати причини настанал пожар во куќата сопственост на Е.Р. (29). Во пожарот нема повредени лица. Од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита, пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 10.12.2017 година околу 06,45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Анастас Митрев“, во близина на транспортниот центар две непознати лица извршиле разбојништво над А.М. (29) и уште две лица, сите вработени во угостителски објект, при што со закана со нож им одзеле сума од околу 156.000 денари - пари од дневен промет и два мобилни телефони. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.                                              

На 10.12.2017 година во 15,00 часот било пријавено дека во Скопје во комплексот„Мајка Тереза“ од страна на непознат сторител била извршена  кражба на пиштол марка „Глок 17“ сопственост на  И.Х. (31). Имено, додека пријавителот седел во ходникот од болнички објект, сторителот му ја земе ташничката во која бил пиштолот и била оставена на клупата, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 11.12.2017 година околу 00,10 часот било пријавено дека во с.Мамутчево-велешко, пред куќата на Д.С. (41) дошол неговиот чичко З.С. од истото село, кој со дрво и со употреба на физичка сила ја искршил влезната врата и на висок тон им упатувал закани по живот кон оштетениот и неговото семејство. Од страна на полициски службеници З.С. бил приведен и задржан во ПС-Велес и се превземат мерки за целосно расчистување на случајот.
    
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против жител на село Стојаково-Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Пријавениот на 28-ми минатиот месец околу 16,00 часот на социјалната мрежа Фејсбук  уценил 53-годишен маж од Радовиш, дека доколку до 10,00 часот наредниот ден не му уплател 150 евра на трансакциската сметка, ќе објавел компромитирачки слики и видео записи за него..

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Б.М.(54) од Куманово, поради постоење основи сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на 2016 година, во Куманово на улица „506“, како инвеститор и како изведувач на градба, извршил градежни работи и изградил семејна стамбена куќа на парцела, сопственост на неговата сопруга Р.М.,  без одобрение за градење и заверен основен проект, издаден од  Секторот за урбанизам при Општина Куманово.  
СВР Тетово  поднесенo известување  против М.А.(46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “бесправна градба“. Пријавениот, сопственик на друштво за градежништво од Тетово, во текот на 2017 година во Тетово на улица “Благоја Тоска“, на парцела во близина на ОУ “Кирил и Методиј“, изведувал градежни работи со одобрение за градба коешто не било правосилно, поради уважена жалба од страна на засегнати странки.