Извадок од дневните настани 13.12.2017

На 13.12.2017 година во 01.20 часот во Полициска станица Гостивар од Медицински центар Гостивар пријавено е дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Н.С.(58) од Гостивар кој со нив се здобил истиот ден околу 01.00 часот во фабриката „Вардар Доломит“ во Гостивар, во моментот кога сакал да изврши промена на филтерот на една од пумпите за гориво. При отворање на капакот дошло до прскање на мазут кој бил со висока температура. Мазутот го испрскал Н.С. во пределот на вратот и лицето нанесувајќи му изгореници. По укажана лекарска помош констатирани му се изгореници од втор и трет степен, по што е препратен во Клинички центар Скопје.
      
На 12.12.2017 година околу 12,30 часот во Кичево на булевар „Ослободување“ во експозитура на “Шпаркасе Банка“, непознат сторител со закана со пиштол од вработената одзел околу 100.000 денари, 2.500 евра и околу 2.800 американски долари, по што го напуштил местото на настанот. Извршен е увид, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 12.12.2017 година околу 19,25 часот во Битола на улица „Васко Карангелевски“ униформиранa полицискa службеничка, додека извршувала работи од областа на безбедноста на сообраќајот, била омаловажувана со погрдни зборови од лицето Ф.М. (24) од Битола (кој застанал со неговото возило до полициската службеничка). По ова Ф.М ја турнал и се обидел да ја удри полициската службеничка, но во намерата бил спречен од страна на друг полициски службеник. Лицето е приведено, и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.12.2017 година во 10.35 часот во Полициска станица Аеродром, С.T.(43) од Скопје  пријавила дека во неколку наврати претходниот и овој месец била физички малтретирана од страна на сопругот И.T.(46)  и притоа се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, посочила дека при едно малтретирање била и силувана од негова страна. Оштетената напоменала дека И.T. секојдневно физички и психички ја малтретирал, за што во неколку наврати  пријавувала поплаки и малтретирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.12.2017 година во 10,00 часот во Полициска станица Прилеп вработена во старечки дом Прилеп пријавила дека нивната штитеничка К.А.(49) на 10.12.2017 година се оддалечила до домот во непознат правец. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

 

На 12.12.2017 година во 10,30 часот било пријавено дека во село Кондово во кругот на објект на Јавно претпријатие “Водовод и Канализација“ Б.Д.(52) од Скопје управувајќи товарно моторно возило “Исузу М55“ со скопски регистерски ознаки, додека се движел наназад во насока кон влезот на објектот, со задниот дел од возилото удрил во пешакот Н.А.(51) од Скопје кој бил вработен во Јавно претпријатие “Водовод и Канализација“. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската Општа Болница Свети “Наум Охридски“ каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и истиот бил задржан за понатамошно лекување. На местото на настанот извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот.

На 12.12.2017 година во 17,30 часот од Ургентен центар - Мајка Тереза било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице  Д.Б.(35) од с.Зелениково, скопско, вработен во фирмата “Техно Павер“. Имено истиот ден околу 16,15 во кругот на фирмата додека се качувал на камион тој се лизнал и паднал на грб, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар за укажување на лекарска помош каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил задржан за понатамошно лекување.
   
На 12.12.2017 година во Полициска станица Чаир З.М.(43) пријавила дека на 08.12.2017 година од Домот “25-ти Мај“ во непознат правец се оддалечил 17 годишен штитеник. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.12.2017 година во 11,30 часот А.Е.(48) пријавила дека истиот ден околу 11,00 часот во Основно училиште во с.Батинци во кабинетот додека одржувала настава, дошол А.Ј.(58) и почнал да ја навредува со погрдни зборови, а потоа и физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканица по лицето, од кој истата се здобила со видливи повреди-оток под десното око и модринка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава  против С.Ѓ.(29)  од село Конопница, Крива Паланка за сторено кривично дело - напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. Пријавениот на  19- ти минатиот месец околу 00,30 часот во Крива Паланка на улица “Свети Јоаким Осоговски“, при проверка на идентитет, физички нападнал полициски службеник.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод  поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Македонски Брод за сторено кривично дело - “даночно затајување“. Пријавениот во текот на 2016 година давајќи интернет услуги за прогноза на фудбалски натпревари на лица од целиот свет, остварил приходи 1.420.009 денари, што ги примил преку брз трансфер на пари, од коишто  1.235.509 денари не ги прикажал во годишната даночна пријава за Задолжителен персонален данок од доход, со што го оштетил Буџетот на Република Македонија за 123.550 денари.  

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе  кривична пријава  против  Б.Ш.(28) од Скопје за сторено кривично дело „затајување“.  Пријавениот на 14.08.2017 година во Скопје на улица „Азем Хајдари“, во просторите на рента кар ДППТУ „КАРПА-СИОН“ ДООЕЛ/ИЗИ РЕНТ РЕНТ А КАР Скопје,  склучил договор за изнајмнување на возило „Опел  Зафира“, коешто требало да го врати на 18.08.2017 година, но пријавениот, возилото го однел на непознато место, и заминал во непознат правец, со што ја оштетил фирмата за 330.000 денари.

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.Д.(39), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавениот во текот на јуни годинава заради понатамошна препродажба, неовластено набавил и држел кај себе наркотична дрога марихуана што ја препакувал во помали полиетиленски паковки наменети за улична препродажба на уживатели. На 08-ми овој месец по претходно добиени оперативни сознанија и издадена наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на Н.Д. во село Стајковци. Од извршениот претрес пронајдени биле пет стаклени тегли со растителна материја, пластичен сад, исто така, со растителна материја, грендер, три рачно изработени цигари, зипер кесичка со семки, два шприца и два стаклени сада со непозната материја. Пронајдените предмети се одземени и со вештачење е утврдено дека пронајдената растителна материја со вкупна нето маса од 230,44 грама претставува -марихуана, растителниот материјал од гранчињата и семките со нето маса од 0,32 грама потекнуваат од растението кое припаѓа на растителниот род „канабис“, растителниот материјал од рачно изработените цигари со нето маса од 0,71 грам претставува марихуана помешана со тутун и смолестата материја со нето маса од 0,27 грама - хашиш.