Извадок од дневните настани 16.12.2017

На 15.12.2017 година во 16.15 часот во полициска станица во Скопје, четириесетгодишна жена од  скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син. Во врска со истиот настан, во истата полициска станица, во 21.40 часот, четириесетиосумгодишна жена од Скопје пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син. Според пријавителите, 17-годишникот бил нивен сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна соседка и таму ги вршел половите дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.12.2017 година околу 08.00 часот во с.Шишево, скопско, во столарска работилница сопственост на С.К. (71) од Скопје, непознат сторител подметнал пожар.  Сторителот најпрвин истурил непозната запалива течност во магацинскиот дел од работилницата во кој имало складирано поголема количина суви дрвени талпи. Потоа предизвикал пожар и побегнал во непознат правец. Пожарот ги зафатил дрвената ограда на задната страна од магацинот, дрвената покривна конструкција од работилницата, машини и алати, целата дрвна маса и готови производи од дрво. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.12.2017 година во 02.00 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Ш.А. пријавил дека на влез на с.Матка, скопско, од непознати причини настанал пожар во викендицата сопственост на И.Е. (38) од Скопје. Од пожарот била зафатена целата викендица.  Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и за целосно расчистување на случајот.

На 15.12.2017 година во 20.15 часот Ш.Т. пријавил дека во с.Визбегово, заедно со негови роднини меѓу кои и Т.Ш. (32) од с.Визбегово, биле физички нападнати од непознати лица, при што биле удирани со боксирачи и палки. Во нападот, Т.Ш. бил удрен со тврд предмет во пределот на главата и се здобил со телесна повреда, констатирана во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

На 15.12.2017 година во 16.00 часот во Полициската станица Чаир, социјален работник во Домот „25-ти Мај“ пријавила дека нa 15.12.2017 година околу 04.30 часот нивниот штитеник Т.З. (17) од непознати причини се оддалечил од домот во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 15.12.2017 година во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, М.И. (61) од Скопје пријавил дека на 10.12.2017 година околу 12.00 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга М.Ш.  (55) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во периодот од 21.30 часот на 15.12.2017  до 03.00 часот на 16.12.2017 година непознат сторител испукал два куршуми од огнено оружје кон патничкото возило „Мерцедес“ -џип со тетовски регистарски ознаки, сопственост на А.Б. од Тетово. Возилото било паркирано на ул. „Борис Кидрич“  од страна на Ш.Б. (30), син на сопственикот. Се преземаат мерки  за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На ден 15.12.2017 година во 23.30 часот полицискиот службеник И.Д. полицаец во ПС ОН Битола во СВР Битола пријави дека истиот ден околу 21.45 часот на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул. „Методија Андонов Ченто“ во Битола управувајќи го сопственото ПМВ Ауди бил сопрен од полициските службеници Б.Б. и А.Ј. од ОКП при СВР Битола кои со приватно ПМВ Цитроен вршеле службени дејствија. Откако претходно возеле позади него и му давале светлосен знак да сопре, во моментот кога на крстосницата во намерата да сврти лево бил сопрен од истите со попречување на патот. При тоа во обид да им се легитимира на инспекторите кои лично ги познавал и се обидувал да им се претстави дека и тој е полициски службеник , инспекторот В.Б. го извлекол од неговото возило, укажувајќи му дека во моментот извршуваат службени дејствија по одредена акција истиот го оттурнал кон возилото и, според пријавеното, го удрил. Веднаш после тоа го напуштиле местото на настанот и се упатиле во непознат правец. Полицаецот И.Д. настанот го пријавил во СВР Битола за што приложил и медицинска документација за повредите за сторено кривично дело „Малтретирање во вршење на службени дејствија“ Додека инспекторите В.Б. и А.Ј. во 01.30 часот во СВР Битола пријавиле кривично дело „Спречување на службено лице во вршење на службени дејстија“ за истиот настан со појаснување дека додека се упатувале кон местото каде требало да постапуваат за друг настан , истите биле најпрво попречувани да го престигнат возилото ПМВ Ауди , а потоа им бил попречен патот кај споменатата крстосница. Откако му се легитимирале на возачот кој им соопштил дека и тој е полициски службеник, јасно му укажале дека се на службена задача и дека ги спречува во акција која е во тек. Освен вербалната комуникација истите го негираат нападот кој го пријавил полицаецот И.Д. За настанот на ден 15.12.2017 година во 23.50 часот известен е Јавен обвинител од Битола и Одделот за внатрешна контрола,криминалистички работи и професионални стандарди Скопје.

На 16.12.2017 година во 06.30 часот на бул. „Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шкода“ , управувано од А.С. (26) од Тетово и патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С. (63) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобил Ш.С.. Тој со друго возило бил пренесен во Клинички центар Тетово и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

На 15.12.2017 година во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, лицето Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.20 часот, на ул. „Волгоградска“, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10-годишен син, при што му биле нанесени видливи повреди - расекотини на двете нозе.

На 15.12.2017 година во 17.45 часот, 14-годишник од Скопје пријавил дека непознато лице извршило разбојништво врз него. Тој кога влегол во влезот на зградата, сторителот со закана со пиштол му одзел мобилен  телефон, по што побегнал во непознат правец. Се преземат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 16.12.2017 година во 06.40 часот во Прилеп, во дворот од куќата сопственост на С.Ј.-дистрибутер во „Прилепска Пивара“, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над С.Ј.. Сторителите физички го нападнале, го удирале со безбол палки во телото и му одзеле од 70.000 до 100.000 денари, по што побегнале во непознат правец. С.Ј. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Прилеп. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

На 15.12.2017 година во 20.00 часот на Граничен премин Аеродром „Александар Велики“-Скопје, од Холандија преку Истанбул со реадмисија допатувал С.М. (21) од Куманово. По извршена проверка, било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка „АПСИ“.  Лицето било лишено од слобода и во 23.15 часот, со потврда за предавање на лице, било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошнапостапка.

На 15.12.2017 година во 12.00 часот, А.А. (26) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11.45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот. Кога пријавителот влегол во бурекџилница го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец. На тој начин пријавителот е оштетен за околу 1.800.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.