Извадок од дневните настани 17.12.2017

На 16.12.2017 година во 22.20 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.З. (36) од Скојпе, удрило во две 15-годишни девојчиња од Скопје. Во незгодата, со повреди се здобиле двете девојчиња кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај едното девојче биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување, додека кај другото девојче биле констатирани телесни повреди и била упатена на Клиниката за уво, нос и грло при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 16.12.2017 година во Полициската станица Виница, 33-годишна жена од Штип (во моментот непријавено престојувала во Кочани) пријавила дека А.Х. (22) од Виница, со кого живее во вонбрачна заедница, извршил полов напад врз нејзината 10-годишна ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и работник од Центарот за социјални работи Виница, по барање од Јавен обвинител, врз девојчето бил извршен преглед во Општа болница Кочани. При прегледот било констатирано дека постоел полов контакт. А.Х. изјавил дека повеќе пати, без присилба, со волја на девојчето имале сексуални односи. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ по член 188 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

На 17.12.2017 година во 02.15 часот, Б.Р. (27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01.30 часот во угостителски објект на ул. „Црвена скопска општина“ во Скопје физички бил нападнат од непознато лице. Б.Р. со неговите другари З.П. и Д.М. биле во објектот и во еден момент настанало несогласување со персоналот околу плаќање на сметка. Притоа, непознато лице  почнало да го влече до влезната вратата на локалот и го удрило со тупаница во главата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 16.12.2017 година во 11.40 часот, од страна на бугарските погранични служби на потегот помеѓу Граничен камен 59 и Граничен камен 60, во македонска територија, во атарот на с.Панчарево, пехчевско, бил забележан пожар во кој горела сува трева и нискостеблести растенија. Поради силниот ветар пожарот се ширел со поголема брзина кон територијата на Република Бугарија. За пожарот веднаш биле известени Регионалниот центар за гранични работи Исток, Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Делчево, Територијалните противпожарни единици Делчево и Берово, Полициската станица за граничен надзор Берово, Шумското стопансто „Равна река“ од Пехчево и Центарот за управување со кризи Берово. Од страна на надлежните институции биле упатени  служби на терен. Во 18.30 часот пожарот бил локализиран и ставен под контрола. Во пожарот била изгорена сува трева и нискостеблести растенија на површина од околу 20 хектари.

На 16.12.2017 година околу 23.40 часот на паркингот од ул. „Ѓорги Сугаре“ во Скопје, од засега непознати причини, целосно било опожарено патничко возило „Пежо 405“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на С.Ѓ. . Со пожарот биле зафатени и надворешениот ѕид и клима уред од една продавница. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

На 16.12.2017 година во 23.00 часот во Полициската станица Драчево, Н.С. (43) од Скопје пријавила дека на 15.12.2017 година околу 08.00 часот, нејзиниот сопруг  О.С. (48) од Скопје, од засега непознати причини, од својот дом се одалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.12.2017 година во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, Ј.М. пријавил дека нa 10.12.2017 година околу 10.00 часот неговиот роднина Д.Т. (84) се оддалечил од домот во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.12.2017 година околу 03.00 часот на бензиска пумпа „ЕЛ-ГО“, на место викано „Липечко поле“, во Виница непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработениот. Сторителот со закана со пиштол одзел засега неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што побегнал од местото на настанот. СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

На 16.12.2017 година во СВР Охрид, Д.А. (25) од с. Косел, охридско, пријавила дека истиот ден околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „.Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска помош во болницата во Охрид.

На 16.12.2017 година во СВР Охрид било пријавено труење на кучка со четири мали кучиња. Мртвите кучиња биле забележани во двор на ул.„Цар Самоил“ во Охрид. Истиот ден, во СВР Охрид, од страна на граѓанин бил пријавен уште еден случај на труење на куче забележан на ул. „Даме Груев“. Екипи од СВР Охрид, по овластување на Јавен обвинител, извршиле увид на двете локации во присуство на службени лица од Агенција за храна и ветеринарство. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.