Извадок од дневните настани 21.12.2017

На 20.12.2017 година околу 17,40 часот во Скопје, на ул. „Џон Кенеди“ пред угостителски објект „Цирих“, од возило во движење е пукано од огнено оружје кон Б.И.(24) од Скопје. Повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде во 18,30 часот починал. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.12.2017 година околу 21,20 часот во с.Умлена, пехчевско, во куќата сопственост на А.Г.(82) во која тој живеел сам, од засега непознати причини избувнал пожар. А.Г. од страна на соседите и неговиот внук е пронајден починат во куќата. Пожарот е изгаснат од екипи од Територијална противпожарна единица Пехчево. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 20.12.2017 година во 19,10 часот во Скопје од стан на ул.„Џон Кенеди“ од тераса од третиот кат, паднал Ф.Ш.(34), и истиот со возило на итна медицинска помош бил однесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди (масивно нагмечување на градниот кош и белодробните крила) и истиот е задржан на понатамошно лекување.

На 20.12.2017 година во 12,15 часот во Скопје, во својот дом на ул.„Жеглање“, пронајден е починат З.А.(66), од страна на пријател кој дошол да провери зошто сега починатиот, не му одговарал на телефонските повици. Смртта ја констатирал лекар од итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Во текот на вчерашниот ден (20.12.2017 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои две со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Седум возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради технички неисправни возила од сообраќајот се исклучени седум возила. Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози, додека 80 возила се подигнати со "пајак". Шест возачи се санкционирани бидејќи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница. Поради нeправилно престројување се санкционирани седум возачи.

 

На 20.12.2017 година околу 12.30 часот на локалниот пат во с. Челопек, тетовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (39) од с.Челопек и патничко возило „Форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ф. (28) од с.Челопек. Во незгодата, со повреди се здобиле две малолетни лица, сопатници од возилото „Форд Фиеста“ на возраст од две и 17 години.  Тие со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Р.А. (20) од с. Елевци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во текот на октомври минатата година, пријавениот набавил еротски фотографии од малолетничка со која порано бил во љубовна врска, а потоа се обидел да ја уценува барајќи и други такви фотографии. Во момент на револт од прекината љубовна врска, Р.А. дел од  фотографиите, преку социјалните мрежи, ги испратил на нејзиниот татко, како и на повеќе роднини и пријатели. При проверка на  мобилен телефон сопственост на пријавениот, биле пронајдени неколку еротски фотографии од оштетената. 

На 20.12.2017 година во 16.10 часот, граѓанин пријавил дека во 14,50 часот во с.Катланово, скопско, во црквa лоциранa на 150 метри пред Катлановска бања, две лица вооружени со пиштоли, влегле во објектот каде престојува Е.Ѓ.(75) од Гостивар (истата била служител на црковниот храм), и се заканиле, ја седнале на стол, и ги врзале рацете одзади и побарале да им ги даде парите. Откако им кажала дека нема пари, сторителите ги земале парите кои биле собрани за црквата (неутврдена сума). Потоа на Е.Ѓ. и го одзеле ланецот кој го носела на себе и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 19.12.2017 година во 15,10 часот Р.Т.(52) додека се движела пеш по улицата “Алексо Демниевски“ во населбата Ѓорче Петров, била касната за десната потколеница од куче, според неа наводно од расaта волчјак. Лекарска помош и била укажана во Ургентен центар во Скопје.
На 20.12.2017 година, во периодот од 12.30 до 14.00 часот, била извршена контрола во две спортски обложувалници во с.Ростуше, гостиварско. Притоа, било утврдено дека обложувалницата „Фри тајм бет“ работела нелегално, без потребната лиценца. Во објектот бил затекнат С.А. (26), кој бил вработен таму. Во обложувалницата биле пронајдени и одземени три телевизори, две компјутерски куќишта, две тастатури, два печатачи за тикети, еден читач, еден рутер, билтени, тикети и парични средства во вкупен износ од 3500 денари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе  кривична пријава против Н.М.(40) од  Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“.  Пријавениот на  24.11.2017 година во Струга во возило, после вербална расправија со М.И.(28) од Струга, којашто прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И. со нож во грбот, и откако овој паднал на земјата, пријавениот продолжил да го удира, а потоа со јаже му ги врзал нозете, противправно го лишил од слобода, по што му го одзел возилото и заминал во непознат правец.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“  и  „предизвикување на општа опасност“, како и против М.Н.(28) од село Романовце, кумановско, А.Љ.(34) од Скопје и А.С.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „тешка кражба“. На 16.10. годинава, откако пријавените извршиле тешка кражба во с.Лажани, се упатиле кон село Дебреште, каде извршиле кражба во домот на Е.И. Кога Е.И. се вратил и забележал дека е извршена кражба, заедно со други две лица почнале низ селото да се распрашуваат за кражбата, при што забележале возило „Голф“ во кое биле пријавените лица. Откако Е.И. им се обратил на пријавените, првопријавениот извадил пиштол и испукал еден куршум, по што Е.И. се исплашил и заминал со возилото, а првопријавениот испукал уште еден куршум, со  којшто го погодил задното лево крило на возилото на Е.И.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 19.03.2017 година околу 18,00 часот, во Скопје на улица „Кеј 13-ти Ноември“, во Спортскиот Центар – Работнички, на кошаркарскиот напревар помеѓу кошаркарските клубови “Работнички“ и “Куманово“, при обид на полициски службеник за приведување на пријавениот, којшто заедно со други навивачи ги навредувале полициските службеници и го нарушувал јавниот ред и мир, пријавениот физички го нападнал полицискиот службеник. 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против З.Ѓ.(57), Н.Ѓ.(56) и К.Ѓ.(29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице  во вршење службено дејствие“.  На  07-ми овој месец, откако од страна на службени лица,  водостопански инспектор  и овластен инспектор за животна средина во Општина Штип, при вршење на контролен инспекциски надзор, било побарано од пријавените да приложат на увид дозвола за зафаќање вода и платени надоместоци за вода, пријавените им упатувале закани на службените лица и одбиле да го потпишат записникот за извршена контрола. 
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Б.Т.(26)  од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. Пријавениот на 12.08.2017 година околу 23,00 часот во Штип, во месноста „Суитлак“, на оштетената и овозможил инјектирање на опојна дрога хероин, од што оштетената добила здравствени потешкотии и со возило на Брза помош била пренесена во Клиничка болница Штип.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Н.П.(28) и В.П.(27), двајцата од село Долнени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “проневера во службата“ и   „послужување во службата“. Првопријавената, како управител и второпријавениот, како основач и сопственик фирмата “Лана 2013“ ДООЕЛ, по склучен концесионерски договор со АД “Македонски Пошти“, од 10.07.2015 година до 27.11.2017 година, присвоиле пари доверени во службата, со што се стекнале со противправна имотна корист од 777.108 денари на штета на АД “Македонски Пошти“.