Извадок од дневните настани 22.12.2017

На 21.12.2017 година во 19.00 часот, жена од Скопје пријавила дека во текот на денот, како и во периодот од 10.12 до 21.12.2017 година, непознат маж  во неговиот стан извршил полов напад врз нејзината 12-годишна ќерка. Додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 21.12.2017 година во 09.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул. „Бајрам Шабани“  има починато едномесечно бебе. Во разговор со полициските службеници родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава знаци на живот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.  

На 22.12.2017 година во 03.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Д.(25) пријавил дека на 21.12.2017 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот татко К.Д. (56). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 21.12.2017 година околу 20.45 часот во с.Добридол, гостиварско, три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над Ш.Б. (51). Дододека оштетената била во својот дом, поточно во во помошна просторија-летна  кујна, сторителите со закана со пиштол побарале злато и пари од неа. Таа им дала 5.000 денари и лицата заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 Во текот на вчерашниот ден (21.12.2017 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле пет сообраќајни незгоди од кои две со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Пет возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради технички неисправности од сообраќајот се исклучени четири возила. Во текот на изминатиот ден издадени се и 95 мандатни платни налози, додека 93 возила се подигнати со "пајак". Двајца возачи се санкционирани бидејќи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница. Поради нeправилно престројување се санкционирани двајца возачи а поради неправилно престигнување санкционирани се четири возачи. 


По пријавата од 16-ти овој месец од страна на Н.С. (43) од Скопје во Полициската станица Драчево, според која претходниот ден (15.12.) околу 08,00 часот, нејзиниот сопруг  О.С. (48) од Скопје, од непознати причини, се одалечил од својот дом во непознат правец, беа превземени оперативни мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатото лице. Врз основа на обезбедени сознанија од страна на полициски службеници од Одделението за потраги и исчезнати лица, О.С. вчера во 15 часот е пронајден, по што веднаш било известено неговото семејство.
 

На 22.12.2017 година во 02.40 часот во СВР Куманово, М.А. (62) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на 21.12.2017 година, во близина на бензинска пумпа кај автобуската станица, влегол во непознато патничко возило, во кое биле две лица, со цел да го пренесат до Скопје. Но, според пријавеното, кога тргнале, неколку пати застанале и физички го нападнале М.А., при што му одзеле и 1500 денари што ги имал со себе.  Потоа го исфрлиле од возилото и заминале. Оштетениот се вратил во Куманово каде што го пријавил настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 21.12.2017 година во Полициска станица Центар, С.С.(54) од Скопје, пријавила дека претходниот ден околу 14.30 часот на ул. Јужен Булевар била нападната од куче скитник, кое  ја каснало во пределот на левата надколеница.

На 21.12.2017 година околу 17.40 часот на ул.Тиранска С.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека бил нападнат од куче од расата шарпланинец, при што бил изгризан  по телото, поточно стомакот, нозете и раката. По нападот  С.Ѓ. добил медицинска помош во Ургентен центар-Скопје.   

На 21.12.2017 година во 15.00 часот во полициска станица А.Т.(32) пријавила дека на 21.10 оваа година околу 14.00 часот во нејзиниот дом била измамена од страна на лицето Д.Г.  Измамата е извршена на тој начин што откако Д.Г. дошол во нејзиниот дом претставувајќи се дека е мајстор за ролетни и дека монтирањето на ролетните ќе ја чини 275 евра, а работата ќе ја заврши до 28.10.2017 година, примил аванс од 200 евра. Но, од тој датум Д.Г. воопшто не дошол ниту пак и се јавил. Оштетената неколку пати телефонски му се јавувала, но Д.Г. и давал разни изговори односно ја држел во заблуда.  На 14.11.2017 година околу 18.00 часот дошол на нејзиното работно место по нејзино барање, и истиот  потпишал  на лист хартија дека земал 200 евра и дека до 18.11.2017 год. ќе ги монтира нарачаните ролетни, за што ќе му бидат доплатени 75 евра. Но и покрај тоа Д.Г. и натаму не ја завршил работата со што се стекнал со противправна имотна корист од 12.300 денари.

СВР Скопје поднесе кривична пријава  против  С.И.  (20) од Скопје  поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 03.07.2017 година околу 15.00 часот на ул. „Лука Геров“ во населба Ѓорче Петров, пријавениот откако ја забележал оштетената (малолетник), без нејзина согласност ја однел на непозната локација во Скопје, каде што со употреба на сила и закани по нејзиниот живот, противправно ја држел до 04.07.2017 година до 13.00 часот, по што ја ослободил. 

СВР Скопје  поднесе кривична пријава против Д.Т. (28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело  „тешка телесна повреда“. На  13.05.2017 година околу 03.30 часот во трговски центар на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, Д.Т. со нож го нападнал оштетениот во пределот на нозете, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.О. (19) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело  „тешка телесна повреда“. На 25.06.2017 година околу 14.00 часот во Веро Џамбо, пријавениот, поради претходен настан, започнал вербална расправија со оштетениот, по што со палка го удрил во пределот на лицето, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.И. (19) од с.Кадино, скопско, поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело „тешка телесна повреда“. На 18.06.2017 година околу 01.40 часот пред угостителски објект во населба Илинден, пријавениот физички го нападнал оштетениот удирајќи го со боксови во пределот на лицето, при што му нанел тешка телесна повреда.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против  Н.Ѓ. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „насилство“. На 14.11.2017 година околу 16.00 часот на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје пријавениот, по претходна вербална расправија, физички го нападнал оштетениот, а потоа и со безбол палка го удрил во задниот дел од главата, по што оштетениот паднал во безсознание, а пријавениот го напуштил  местото.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.О. (21), Е.И. (20), Б.П. (20) и Б.Б. (19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле  кривично дело „насилство“. На 19.10.2017 година околу 21.35 часот, на автобуска постојка на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавените влегле во автобус  и физички нападнале малолетни лица, како и 12 патници кои што во тој момент се затекнале во автобусот. Тие ги удирале со клоци, тупаници и тврди предмети по телото и главата.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Н. (22) , Ѓ.К. (36) и Ѓ.Т. (43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дело „насилство“. На 23.09.2017 година околу 00.45 часот, додека оштетениот се наоаѓал во кафе бар на ул. „Македонија“, го прашал првопријавениот (келнер) за претходно случен настан во објектот, по што тој започнал да го навредува со погрдни зборови. По кратко време, откако оштетениот го напуштил локалот, на ул. „Македонија“, бил пречекан од пријавените кои го фатиле за раце и истите почнале да го влечат и физички го нападнале.  Оштетениот изгубил свест, паднал на земја, а пријавените продолжеле  да го удират со клоци во пределот на телото. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Ф. (54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“  и три кривични дела “несовесно лекување болни од страна на лекар“. Во 2017 година, пријавената, гинеколог акушер за прием и породување на родилки, на родилките и членовите на нивни семејства им продавала ампули за полесно породување, при што им наплаќала износи во готово, без, при тоа да им издаде сметка за извршеното плаќање. На тој начин О.Ф. се стекнала со материјална корист од 19.300 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против  Ш.М. (35) од с. Добридол, Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. На 14.11.2017 година во село Врапчиште пријавениот му дал на М.Ј.(22) од село Добридол, 4500 евра на заем,  за коишто, побарал  најдоцна до 30.11.2017 година, М.Ј. да му врати  5260 евра.