Извадок од дневни настани 23.12.

На 22.12.2017 година околу 23.45 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје кај с.Никуштак, во близина на месност викана „Ѓубриште“ се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел Вектра“ управувано од непознат возач во кое се превезувале осум пакистански државјани, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил палестинскиот државјанин А.М.(33), а кај останатите се уште не е утврден карактерот на повредите. Сите пакистански државјани се пренесени и задржани во Ургентен центар-Куманово.Увид на лице место извршилеа екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.
 
На 22.12.2017 година во 19,20 часот од страна на вработена во аптека „Дива лек“ во Скопје, на ул.„Финска“ било пријавено дека од страна на непознато лице  извршено е разбојништво со закана со пиштол при што е одземен дневниот промет   Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 22.12.2017 година, во 20,40 часот во Полициска станица Карпош, В.В.(34) од с.Стење, ресенско, пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот во Скопје, на ул.„Скупи 6“, поточно во станбениот комплекс „Св.Јован“, додека бил на своето работно место, дошле две лица, влегле во неговата канцеларија, ја заклучиле вратата и извадиле некакви документи и му рекле да ги потпише. Документите се однесувале за престанок на работен однос и спогодба со фирма каде В.В. бил управител за да си замине од истата. Откако В.В. одбил да потпише, едното лице го фатило за врат и почнало да го дави, додека другото лице го удирало со тупаници во пределот на телото. Во еден момент едниот од сторителите од џебот извадил пиштол и му се заканил, при што В.В. од страв ги потпишал документите со потпис различен од потписот со кој вообичаено се потпишувал. Двајцата сторители во канцеларијата без негова согласност го држеле околу 30 минути  заклучен, потоа му ги земале клучевите од канцеларијата и го избркале од комплексот, по што В.В. се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.
 
На 22.12.2017 година околу 10,00 часот вработен во средното училиште „Панче Караѓозов“, пријавил дека двајца ученици биле нападнати од нивни соученици. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Центар излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за четири ученици од трета година, кои физички нападнале двајца свои врсници исто така ученици во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 
 
На 22.12.2017 година во 13,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, Н.А.(47) од с.Романовце, пријавил дека во дворот од неговата куќа при изведување градежни работи пронашол една минофрлачка мина калибар 82мм од Втора светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Куманово, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.
 
На 22.12.2017 година во 14,30 часот во Полициска станица Тетово, Џ.С.(61) од с.Селце-Тетово, пријавил дека од пред два месеци од дома се оддалечила неговата ќерка Г.Е.(24) од с.Сенокос, која со себе ја понела и нејзината 16 годишна сестра.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
 
На 22.12.2017 година во 10,25 часот на граничен премин-Јажинце на влез во Република Македонија се пријавил X.X.(38) од Косово, кој управувал возило „Опел Вектра“.Од извршената контрола на возилото констатирано е дека истото е фалсификувано односно ВИН бројот не одговара со бројот кој е внесен во сообраќајната дозвола.Од страна на полициски службеници, со потврда за привремено одземени предмети, возилото е одземено. 
 
На 22.12.2017 година во 11.30 часот С.Н.(20) од Скопје, пријавил дека истиот ден на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на плоштадот бил нападнат од група кучиња додека се возел со својот велосипед. Од страна на лекар констатирани му се повреди на десната потколеница.
 
На 22.12.2017 година во 13.50 часот Б.Ј.(46) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.15 часот на ул.Петре Гергиев на автобуската станица од страна на 5-10 лица на возраст од 12-15 години физички бил нападнат неговиот 17- годишен малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 
 
На 22.12.2017 година во 15,00 часот М.Ц.(32) од Скопје пријави дека на 25.10.околу 12,00 часот на паркинг на бул. Киро Глигоров во Скопје од страна на М.М. од с.Сопиште извршена му е измама и е оштетен за сума од 40.000 ден. Измамата е извршена на тој начин што М.М. му понудил на пријавителот клима уред за пониска цена од реалната при што М.Ц. му дал 40,000 денари. До денот на пријавувањето М.М. не му набавил клима уред ,ниту му ги вратил парите и го довел во заблуда стекнувајќи се со противправна имотна корист од 40.000 денари.Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 
 
На 22.12.2017 година во 03,00 часот Д.Д.(25) од Скопје, пријави дека на 21.12.2017 година во 12,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил  неговиот татко К.Д.(46). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.