Извадок од дневните настани 24.12.2017

На 24.12.2017 година во 03,13 часот пријавено е дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, во близина на основното училиште „Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода во која Д.С.(23) од Скопје управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во столб. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатникот А.Н.(23) од Охрид, кои се пренесени во Ургентен Центар-Скопје, каде околу 03,50 часот Д.С. починал, додека А.Н. е во животно загрозувачка состојба.

На 24.12.2017 година во 00,40 часот на регионалниот пат Р-1201 во с.Велешта-Струга, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.Н.(21) од с.Велешта, и возило „БМВ“ исто така со струшки регистарски ознаки управувано од Џ.Ш.(45) од с.Велешта.Во незгодата возачот на „Голф-от“се здобил со тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите со возило на итна медицинска помош е префрлен во болницата Св.Еразмо, каде е задржан на лекување. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.

На 23.12.2017 година околу 19,05 часот Е.Н.пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ спроти бараките на општина Кисела Вода, во аптека „Зегин“, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво при што ги одзел парите од дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 23.12.2017 година во 14,15 часот Г.И.(43) од с.Кадино-Скопје, пријавила дека на 22/23.12.2017 година во периодот од 22,00 до 10,00 часот во истото село, во куќата на нејзината мајка М.Ѓ.(62) која живеела сама и била со нарушено здравје, од страна на две лица и било извршено разбојништво на тој начин што преку незаклучената влезна врата влегле во куќата додека оштетената спиела, по што едно од лицата со рака и ја затворило устата, од рака и го одзело прстенот, а потоа одзеле еден телевизор и го напуштиле местото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.12.2017 година во 21,00 часот, Г.С.(47) од Скопје, пријавил дека на истиот ден околу 19,00 часот на ул.„Дрезденска“бб, поточно во близина на ОУ„Војдан Чернодрински“, непознат сторител извршил разбојништво во обид над неговиот малолетен 12 годишен син, на тој начин што откако го прашал колку е часот, од панталоните извадил пиштол, го репетирал и почнал да му пребарува по џебовите од јакната, по што кога увидел дека нема што да му земе, сторителот го напуштил лице местото.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 23.12.2017 година околу 10,00 часот во с.Извор, кумановски, на месност викана „Чуриште“, било пријавено дека додека Е.К.(41) од с.Слупчане, заедно со неговиот пријател М.И.(48) од истото село биле на лов, М.И. со неговите кучиња се оддалечил од Е.К. и околу 12,00 часот, М.И. забележал како од планината се спуштат кучиња-загари кои се упатиле кон кучето на Е.К. и почнале да се дават. Тогаш М.И. слушнал истрел и се упатил кон Е.К., при што го забележал легнат на земја и му кажал дека самиот пукал. М.И. тргнал да побара помош и наишол на ловџијата А.И.(36) од с.Режановце, кумановско. Двајцата се вратиле кај Е.К. и забележале дека истиот не дава знаци на живот. А.И. настанот го пријавил во полиција и во итна медицинска помош. Од страна на доктор констатирана е смрт, при што е забележана прострелна рана во пределот на десната страна на градниот кош.Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 23.12.2017 година во 14,45 часот Л.Ц.(44) од Скопје пријавила дека откако дошла во населба Илинден, каде живеел нејзиниот татко Ч.Ц.(65), ја сретнала соседката која и кажала дека не го видела татко и околу 10 дена и се сомневала дека можеби истиот се наоѓал во куќата, а неговиот син В.Ц., лице со нарушено ментално здравје, излегувал и влегувал во куќата преку прозор.Од страна полициски службеници преку отворениот прозор бил забележан Ч.Ц. легнат во дневната соба без знаци на живот.Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 23.12.2017 година во 16,55 часот во Полициско одделение -Новаци, Т.П.(34) од с.Добрушево, пријавил дека го пронашол починат Р.Т.(41) од Шведска, со привремен престој во с.Добрушево. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Од првичниот визуелен преглед на телото на починатиот не биле забележани знаци на насилна смрт.  По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 23.12.2017 во 12:00 часот во полициската станица Ѓорче Петров Б.С.(35) од Свети Николе пријавил дека на 22.12. околу 14:00 часот, додека се движел по ул. „4-Јули“, бил нападнат од куче скитник, кое го каснало во пределот на левата подколеница. Пријавителот се упатил во Градската општа болница 8-Септември каде му е укажана лекарска помош.

Денеска 24.12.2017 околу 02.30 часот во угостителски објект во Струга пријавено е нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале С.Г. и Ш. М. од Струга.  По настанот С.Г. побарал медицинска помош во болницата во Струга.Се работи на целосно расчистување на случајот.  

На 23.12.2017 во 02:00 часот С.С.(30) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00:50 часот на ул.Дебарца,  додека бил со неговата пријателка во неговото возило „Рено Меган“, физички биле нападнати од неколку машки лица. Поради тоа што едно од лицата извадило нож, пријавителот го придвижил возилото наназад и удрил во возило позади него. Се работи на расчистување на случајот.  

На 24.12.2017 година во 06,17 часот во Полициска станица Чаир, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека на 23.12.2017 година околу 19,00 часот од дома во непознат правец се оддалечиле  неговите две малолетни ќерки на возраст од 15 и 11 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 24.12.2017 година во 06,14 часот во Полициска станица Чаир, М.Н.(43) од Скопје пријавил дека на 23.12.2017 година околу 19,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата малолетна ќерка на возраст од 15 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 23.12.2017 година во 07,00 часот од страна на полициски службеник од Сектор за внатрешни работи Скопје под сомнение за извршени кривични дела „тешка кражба“ лишен од слобода е германскиот државјанин Х.А.(24).

На 22.12.2017 година во 15.00 часот Т.Н., доставила писмена пријава во полициска станица, односно пријавила дека на 27.11.2017 година во 07,00 часот 17 годишна штитеничка на Јавната установа Ранка Милановиќ самоволно ја напуштила установата и се одалечила во непознат правец.

 На 22.12.2017 во 15.00ч. лицето Т.Н. доставила писмена пријава во полициска станица, односно пријавила дека на 08.12.2017 во 11,30 часот 12 годишна штитеничка на Јавната установа Ранка Милановиќ самоволно ја напуштила установата и се одалечила во непознат правец.