Извадок од дневните настани 30.12.2017

 На 29.12.2017 година од страна на инспектори при Надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје –Струга била извршена  контрола во с.Мороишта – Струга во продавницата за прехрана „Лазароски Компани“, сопственост на В. Л. (1962) од истото село, при што пронајдени биле 7377 парчиња пиротехнички средства – петарди. Петардите се одземени, а В.Л. бил приведен во полициската станица од општа надлежност-Струга за понатамошна постапка.

 

На 29.12.2017 година околу 18,15 часот во село Шум-Струга, во дворот од сопствената куќа, од залутан куршум во пределот на ногата бил повреден  Д. К. (48). Тој бил пренесен во Медицинскиот центар -Струга, каде е извршена  хируршка интервенција, по што е пуштен на домашно лекување. Увид извршила екипа на Полициската станица -Струга.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.12.2017 година околу 10,00 часот во Полицската станица-Тетово, М.Б. (1993) од Ниш, Република Србија, пријавила „силување и разбојничка кражба“ извршено над неа на 27.12.2017 година од страна на Ј. Џ.од Тетово. Имено на 27.12.2017 година околу 23.00 часот, М. Б откако  ја преминала државната граница на див премин,  Ј. Џ  ја земал со кола и се движеле по шумски пат за с.Пирок. Во еден момент истиот застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, по што ја донел во Тетово каде и рекол да излезе од возилото  и не и дал да си ја земе гардеробата и накитот кои ги носела со себе, по нејзино кажување во вредност од неколку илјади евра (брендирана роба).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

 

На 30.12.2017 година околу 00,40 часот во угостителски објект во Струга, при меѓусебна расправија Ф. Ш. (33) со нож им нанел повреди на  Д. С. (17) во пределот на раката и Д.Џ. (23) во пределот на стомакот, сите од Струга. Двајцата се пренесени во Медицински Центар-Струга и по укажаната лекарска помош  Д.С е пуштен на домашно лекување додека врз Д.Џ. се врши хируршка интервенција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

На 30.12.2017 година околу 00,10 часот во  кафе бар во Виница, по претходна расправија, Н. В. (24) од Виница со пивско стаклено шише го удрил во пределот на главата Д. М. (20) од Виница. На Д.М му е укажана лекарска помош во Итна медицинска помош -Виница, констатирана му е повреда-расекотина во пределот на главата, по што поради сериозноста на повредата е пренесен во Општата болница –Кочани, од каде е препратен во Ургентен Центар-Скопје. Извршен е увид на лице место од увидна екипа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 30.12.2017 година во 01.00 часот во Единицата за известување и команда -Скопје, К. С. (1990) од Скопје  пријавил дека на 29.12.2017 година околу 22.30 часот на кејот на реката Вардар поточно на пешачката патека  помеѓу градската плажа и дискотека во Градски Парк, три непознати лица со закана со нож и со удари со тупаници во пределот на главата му извршиле разбојништво, при што од предниот десен џеб од јакната му го одзеле мобилниот  телефон „Ајфон 6с“ и околу 2.300 денари. Известени се инспектори од Одделот за имотни деликти од Полициската станица- Карпош.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

На 29.12.2017 година во 22.20 часот во полициското одделение -Камењане,  Б. М. (1974) од село Долно Палчиште,  тетовско  пријавил дека околу 10.00 часот заедно со ќерка му А. М. (1998) заминале во Тетово, по што тој се вратил дома, а А.М останала да пазарува. Последен пат А.М е видена околу 16.30 часот пред Шарена џамија како чека комбе за превоз до дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 29.12.2017 година околу 19.20 часот во Кичево на ул.„Борис Кидрич“ во близина на крстосницата со ул.„11-ти Септември“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки , управувано од А. Р. (23) од Кичево удрил во велосипедист Б. П. (76)  од Кичево. А.Р. со своето возило веднаш го пренел Б.П. во медицинскиот центар во Кичево, од каде по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар-Скопје. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица-Кичево.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.С. (27), Ш.У. (37) и едно малолетно лице на возраст од 14 години, сите од  Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавените, од 01.12.2017 до 06.12.2017 година, во студентскиот дом „Гоце Делчев“ на ул. „Московска“ во Скопје одземале алуминиумски врати и прозори што биле демонтирани од студенскиот дом и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 500.000 денари.

   

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.Т. (29) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба”  и  „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.  Имено,  Ј.Т. на 11.10.2017 година во Велес, откако влегол во куќата на Н.Б., од плакар одзел два паричника во кои  имало 12.500 денари, лична карта, картичка од банка со пин број  и картичка за подигање на пари од шалтер. Потоа, прикривајќи го ликот со шал и капа, од банкомати, во два наврати подигнал вкупно 29.900 денари. На 18.12.2017 година, при претрес во домот на пријавениот, била пронајдена дел од облеката што ја носел на себе при подигнување на парите од банкоматот. Во службен разговор во СВР Велес Ј.Т. ги признал делата.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Ш. (30) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Имено , Д.Ш. во текот на 2016 година остварил приход во висина од 1.490.391 денари, кои што го примил преку брз трансфер на пари, при што не платил  данок кон државата. На тој начин го оштетил буџетот на Република Македонија за 149.039 денари.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против  М.А. (29) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. М.А. во текот на 2016 година остварил приход во висина од 1.502.583 денари, кои ги примил преку брз трансфер на пари,  при што  не платил данок кон државата. На тој начин го оштетил буџетот на Република Македонија за 150.258 денари.