Извадок од дневните настани 31.12.2017

  

 На 31.12.2017 година во 01. 20 часот во Полициската станица -Тетово, Д. П. (1992) од Тетово   сопственик на Угостителски објект „Мерак“, пријавил дека  Д. Ф.и Ј.Н. му се заканувале и физички го нападнале. Имено, околу 00. 30 часот пријавените во видно алкохолизирана состојба сакале физички да се пресметаат во објектот  со дел од  присутните гости,  влечејќи ги  за јакни,  ги малтретирале и им се заканувале дека ќе ги нападнат, по што Д.П се обидувал да ги смири и ги замолил да престанат  и  да седнат на своето место.

По доаѓањето на  полициски службеници во објектот ситуацијата се смирила, но кога полициски службеници излегле надвор од објектот пријавените почнале да му се закануваат на сопственикот на објектот и  физички го нападнале. По издадена наредба од страна на полициските службеници  да престанат со насилството, истите се оглушиле на наредбата и почнале да ги омаловажуваат и да  им се закануваат и на полициските службеници.  По обидот за приведување Д. Ф. и Ј.Н дале отпор и физички ги нападнале полициските службеници К.С. и А.С,  задавајќи им удари со тупаници и клоци, по што од страна на полициските службеници употребени се средства за присилба и лицата се приведени во Полициската станица -Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 31.12.2017 година во 02,20 часот во Скопје, М.С. пријавила  дека на ул.„Петар Манџуков“ бр.32/а, гори куќа. Од страна на Униформирани полициски службеници  излезено е на лице место и констатирано е дека на дадената адреса  опожарена е кровната конструкција на куќата од засега непознати причини, сопственост на Г.Б. (1958 ).  Пожарот е локализиран од страна  на  Бригадата за против пожарна заштита, повредени лица нема.  Увид на лице место ќе се врши во текот на денешниов ден.

 

На 31.12.2017 година  околу 03.30 часот во Прилеп, на  бул.„Гоце  Делчев“ во кафе бар „Галери Хаус Паб“ дошло лицето Н. Т. кој со себе  имал канта со непозната течност го избркал чуварот и во кафе барот ја  истурил течноста , ја запалил и заминал во непознат правец.Од опожарувањето изгорена е внатрешноста на објектот. Повредени лица нема.

 

                                                                          

На 30.12.2017 година во 03,15 часот во с. Ваташа-Кавадарци, на ул„Страшо Пинџур“, поточно кај последниот мост, се случила сообраќајна незгода во која М. Л. (1987) од Кавадарци , управувајќи патничко моторно возило ,,Форд Фокус,,  со велешки регистарски ознаки,  излетал од мостот и паднал во реката Луда Мара. Во незгодата, возачот М.Л се здобил со тешки телесни повреди (повреда на главата и градниот кош), и  по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа во Кавадарци, поради сериозноста на повредите, неконтактибилен и во животна опасност е префрлен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на интензивно лекување.Увид на лице место извршила екипа од од Полициската станица Кавадарци.

 
 

На 30.12.2017 година во 14,50 часот во Полициската станица -Ресен, пријавено е дека на регионалниот пат Ресен-с.Царев Двор, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило со засега непозната марка и регистарски број, удрило во пешакот З.Ч. (1966) од с. Горно Дупени, по што непознатото лице  со возилото го напуштило лице местото на незгодата .Во незгодата, пешакот се здобил со тешка телесна повреда и е пренесен во Медицинскиот центар -Битола. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица -Ресен.

 

На  30.12.2017 година во 15,30 часот,во Куманово  на ул. „Перо Чичо“  пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“  се случило сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки , управувано од Т. Т. (1977)   од Куманово удрило во пешак Т. С. (2009) од Куманово . Во незгодата пешакот Т.С се здобил со тешки телесни повреди, по што е  пренесен  во Медицински центар -Куманово каде му е укажана лекарска  помош, но поради сериозноста на повредите истиот е пратен  во Ургентен Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.   Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи од Куманово.