Извадок од дневните настани 01.01.2018

 На 01.01.2018 година околу 03.30 часот на ул.„Алексо Демниевски“, Т.Т (33) од Велес изгубил контрола над патничко моторно возило “Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки и удрил во пешаците кои во тој момент ја преминувале улицата: К.К  (19), Б.Д (18), Ф.К(18), сите од Велес, а потоа удрил иво потпорен ѕид од камења. Со возило на Итна медицинска помош во Општа болница Велес пренесени се пешаците К.К и Ф.К каде им се констатирани тешки телесни повреди, препратени се во Клиничкиот Центар -Скопје и се наоѓаат во животна опасност. Увид е извршен и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 На 01.01.2018 година во 01,55 часот во Куманово на локалниот пат за с.Проевце, се случила сообраќајна незгода во која М.С. (1994) од Куманово управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрвен столб за пренос на електрична енергија и во оградата од куќа на ул.„Боро Соколов“. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.М. (1995) од с. Биљановце-Куманово, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар -Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

На 01.01.2018 година околу 02,00 часот во кругот на ОУ “Братство и Единство“, лоцирано на ул.„7-ми Ноември“, непознато лице со остар предмет му нанело повреда на Д.Р. (20) од Охрид, во пределот на слабината (рана околу 7-8см). Истиот е задржан на лекување во Клиничка болница Охрид. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.01.2018 година околу 03.30 часот во нас.Превалец, во објект на Фудбалски клуб “Превалец“, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата: Ј.Ш (29) и Н.Ш (23) од една страна и А.Ш.(25), Д.Ш(21) и С.С(18) од друга страна, при што тие си размениле по неколку  удари со раце и нозе по телата. Откако Ј.Ш и Н.Ш биле истуркани надвор од објектот, со дрво и даска во рацете се вратиле во објектот и почнале да удираат по сите присутни, нанесувајќи им  видливи повреди.

На 01.01.2018 година во 07,30 часот пријавено е од страна на лекар, дека во с.Трипатница, во ромската населба, во семејниот дом, починало новороденче (старо околу 10 дена). Смртта настанала околу 03,00 часот, веројатно поради задушување. Известен е Јавен обвинител, а телото на новороденчето е предадено за обдукција.

 

На 01.01.2018 година во 03,15 часот во Единицата за информации и команда-Скопје, Е.Т. (1991) од Скопје , пријавила дека  истиот  ден околу 01,30 часот, на ул.„23 Октомври“ пред влезот од зграда бр.20, од страна на непознат  сторител и  било  извршено разбојништво , при што и бил одземен ранец во кој имало паричник со лични документи (лична карта, возачка дозвола, возачка книшка, трансакциска картичка и штедна книшка од банка во која имала 2000 денари, мобилен телефон „Ајфон 6-Ѕ“,по што  сторителот   напуштил лице место. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

На 01.01.2018 година во 02,05 часот во Единицата за информации и команда-Скопје , пријавено е дека истиот ден во 00,30 часот во Скопје на ул.„Владимир Полежановски“ во

угостителски објект, непознат сторител извршил разбојништво над Г.Ј. (1991) од Кавадарци на тој начин што физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на телото, му го одзел мобилниот телефон „Самсунг“ и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 На 01.01.2018 година околу 01,50 часот во Полициската станица Бит Пазар, В.С. (1979) од Скопје , пријавила дека ноќта на 31.12.2017/01.01.2018 година во времето од 20,30 до 02,00 часот, непознат сторител  извршил тешка кражба во нејзиниот стан, на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел: 7 рачни часовници (машки и женски), златна алка и пиштол „Црвена Застава 99“, со 2 рамки по 10 куршуми, кој со дозвола го поседувал нејзиниот сопруг А.С. (1968). Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 На 31.12.2017 година во 19,40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.С. (1991) од с. Морани-Скопје, пријавил дека истиот ден околу 18,30  часот, поточно во дворот од училиштето „Наим Фрашери“, движејќи се пеш према главната капија на училиштето, од страна на непознато лице од непознат правец било испукано од огнено оружје, при што зрното од испуканиот куршум, го повредил Б.С. во пределот на десната страна помеѓу вратот и  градниот кош (во вид на црвенило). Истиот сам заминал во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 На 01.01.2018 година околу 03,45 часот на влезот во Полициската станица -Центар, поточно пред канцеларијата на сменоводителот, физички бил нападнат униформиран полициски службеник од страна на М.М. (1990) од Скопје, којшто го удрил со рака во пределот на градите и лицето. М.М  претходно бил приведен за - „нарушен ЈРМ“.

 
 

На 31.12.2017 година околу 12,00 часот во атар на с. Будинарци-Берово, кај  месноста викана .„Лесови ливади“ додека И.П. (1981) од с. Будинарци, бил на лов, во еден момент на оддалеченост од околу 60 метри забележал раздвижување на гранките на смрека, при што се посомневал дека се работи за дивеч,  испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката. Веднаш по истрелот, И.П. слушнал вресок, при што кај смреката го затекнал С.К. (1954) од с.Будинарци, кој во моментот собирал плодови.С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе. Истиот бил пренесен во Здравствен  дом -Берово, од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Клинички центар Штип и е надвор од животна опасност.

 
 

 На 01.01.2018 година во 00,05 часот во ПС-Кочани од ИМП-Кочани, пријавено е дека на 31.01.2017 година во 23,45 часот, лицето М.Т. (1990) од с.Зрновци , се самоповредил на тој начин што во една од собите во неговиот дом пукајќи од гасен пиштол си нанел телесна повреда во пределот на левата подлактица. Истиот е пренесен во Јавна здравствена установа Кочани од каде по укажаната лекарска е пуштен на домашно лекување.

На ден 01.01.2018 година во 04,00 часот утринава Т.К. од Скопје  пријавил во Полициската станица од општа надлежност Аеродром дека во тектот на ноќта непознат сторител преку балконска врата влегол во неговата куќа на улица “Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел два лаптоп компјутери, два рачни часовника, една нараквица и еден мобилен телефон. Увидна екипа извршила увид на лице место и се работи на расчистување на случајот.

На ден 01.01.2018 година во 12 часот А.К од Струмица пријавила дека на ден 31.12.2018 година во времето од 21.30 до 03.00 часот на ул “Васил Главинов“ поточно во апартмани за издавање од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба при што одземени се еден машки часовник, три пара женски обетки, две ланчиња Сваровски и еден прстен. Кражбата е извршена на начин што сторителот со употреба на погоден клуч или калаус  ја отворил вратата од собата, влегол внатре ги украл предметите и заминал. Се работи на расчистување на случајот.