Извадок од дневните настани 03.01.2018

На 02.01.2018 година околу 14.00 часот на место викано „Антена“ во Неготино, додека група  деца си играле, покрај нив поминало лицето И.Т. (18) со неговото куче од расата шарпланинец, врзано со ланец, но без заштитна корпа. Кога кучето дошло до едно десетгодишно дете, скокнало и го каснало за левата рака.  Детето било пренесено во најблиската здравствена ординација, каде му била укажана медицинска помош.    

На 02.01.2018 година во 18.30 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, поради избегнување на гранична контрола приведени се H.A. (36) со косовска патна исправа, кој управувал патничко возило „БМВ Х5“ со косовски регистарски ознаки и H.A. (40) со косовска патна исправа. Подоцна, двете лица биле предадени на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север, при што им е изречена заштитна мерка забрана за влез во Република Македонија во времетраење од по 1 (една) година сметано од денот на изрекување на пресудата од Основен Суд Скопје I. Тие ќе бидат депортирани преку  граничен премин „Долно Блаце“.

На 03.01.2018 година во 00.05 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ бил приведен и задржан В.З. (23) од Драч, Република Албанија, со бугарска патна исправа. Тој биле приведен поради тоа што против него имало распишана меѓународна потерница од Сојузна Република  Германија. Подоцна тој бил  спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.

На 02.01.2017  година околу 14.00 часот, во дворно место од куќата на ул. „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, Џ.С. (33), кој бил пуштен на домашно отсуство од Казнено поправната установа Затвор Скопје, почнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга Н.Р. (47). Тогаш  нејзиниот син Р.Р. започнал со раце да го турка Џ.С. и од масата земал кујнски нож продолжувајќи да се расправа со него. Џ.С. успеал да му го одземе ножот, а по кратко време, на местото на настанот дошла екипа од полициската станица Куманово. При обид да му го одземе ножот на Џ.С., еден полициски службеник  се самоповредил, односно си нанел расекотина на дланката од левата рака. Џ.С. бил приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Идризово. Повредата на полицискиот службеник му била санирана од екипа на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   


Во текот на вчерашниот ден (02.01.2018 година), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и осум со материјална штета. При сообраќајните незгоди осум лица се здобиле со лесни телесни повреди. 11 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи еден го управувал возилото под дејство на алкохол додека 10 возачи управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило. По еден возач е санкциониран бидејќи ја поминал крстосницата на црвено светло односно не дал првенство на минување на пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 88 мандатни платни налози, додека 85 возила се подигнати со "пајак".   

На 02.01.2018 година околу 13.00 часот С.О. (46), вработен  во  „Македонски Железници“, пријавил дека во периодот од 31.12.2017 година до 02.01.2018 година од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба од девет вагони лоцирани во објект на Македонски железници во село Трубарево, скопско. Сторителот одзел десет уреди за прикачување и 18 метални столбови при што се стекнал со противправна имотна корист од околу  580.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 02.01.2018 година во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.С. (42) од Скопје  пријавил дека истиот ден околу 07.40 часот додека се движел по бул. „АВНОЈ“ бил нападнат од куче скитник, при што бил каснат во левата нога. Потоа Н.С. отишол на лекарски преглед во приватна здравствена установа каде му била укажана лекарска помош, а од таму бил препратен на Инфективната клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На 02.01.2018 година околу 14.00 часот во Полициската станица Карпош , Х.С. (65) пријавил дека на ул. „Бањалучка“ бил нападнат од куче скитник и бил каснат во пределот од задната ложа на левата нога.

На 02.01.2018 година било пријавено дека на автобуска постојка на ул. „Веле Марков“ во Скопје, додека Т.М. (34) поминувала со нејзиното малолетно дете, биле нападнати од две кучиња. Едно од кучињата ја каснало Т.М. за левата нога.

На 02.01.2018 година во 20.20 часот во Полициското одделение Сарај, Б.Е. (46) од Скопје пријавил дека неговата 17 -годишна ќерка,  која беше пријавена за исчезната (објавено во билтен на 02.01.2018 година), е пронајдена  во Тетово.

На 01.01.2018 година во 01.30 часот во Полициската станица Крива Паланка Е.С. (24) пријавила дека истиот ден околу 01.15 часот во угостителски објект во Крива Паланка, каде што пуштала музика, лицето А.Н. (24) од с.Опила започнал да фрла со шишиња и чаши кон нејзе затоа што не му се допаднала песна. Екипа на Полициската станица Крива Паланка излегла на местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување  на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе  кривична пријава  против С.М. (27)  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“. С.М. на  28.12.2017 година околу 17.00 часот, со употреба на сила, се обидел да изврши обљуба врз  Н.А. (33) во нејзиниот дом на ул. „Гроздан Трифунов“ во Кочани. Во тој момент во куќата влегле сестрата и стрината на пријавениот,  кои што го спречиле во намерата.