Извадок на дел од дневни настани 11.09.2018

На 10.09.2018 година во 17.40 часот на автопат Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(50) од Скопје и патничко возило „Опел Астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од с.Дабиле, струмичко. В.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „Опел Астра“, А.А.(43) од с.Вељуса, струмичко и 11-годишно дете од с. Дабиле, струмичко. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8-ми Септември“ и „Св.Наум Охридски“.Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција. 

 

На 10.09.2018 година во 13.40 часот на ул.„109“ во Тетово, патничко возило „Форд Фокус“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(60) од Тетово, удрило во 10-годишно момче од Тетово. На детето му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

 

На 11.09.2018 година во 00.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во с.Чешиново, кочанско, Ј.А.(19) од с.Чешиново, управувајки мопед „АПН 6“ со непознат регистарски број, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медициинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, по што , поради сериозноста на повредите, бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа Полициската станица Кочани. 

 

На 10.09.2018 година во 16.50 часот на регионалниот пат Кавадарци - Неготино, поточно на влез во село Марена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.К.(60) од село Марена, кавадаречко и трактор марка „ИМТ“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од Б.В.(60) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот Д.А.(53) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот А.Д.(69) од Кавадарци и возачот на патничкиот автомобил, кои по укажаната медицинска помош се задржани на понатамошно лекување во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.

 

На 10.09.2018 година во 18.00 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(34) од Скопје, удрило во пешакот Ф.А.(22) од Република Србија, со привремен престој во Скопје. Од ударот пешакот Ф.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекраска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 11.09.2018 година во 01.00 часот на бул.„Гевгелија“ во Гевгелија, поради редовна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. При прегледот на возилото биле откриени 10 лица–мигранти, осум од Пакистан и двајца од Авганистан. Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф.(35) од с.Студеничани, скопско. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.                                            

 

На 10.09.2018 година околу 23.30 часот на наплатната станица „Желино“ полициски службеници сопреле патничко возило „Форд Ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (20), а како сопатници биле Д.М.(18), А.П.(19) и еден 15-годишно девојче, сите од Куманово. По извршениот преглед, под предното совозачко седиште била пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана. Лицата се однесени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

 

На 10.09.2018 година во Скопје било пронајдено 14-годишното девојче-штитеник на Центарот за социјални работи Македонски Брод, кое беше пријавено за исчезнато на 08.09.2018 година. Девојчето е згрижено во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи за град Скопје.

 

Во текот на изминатиoт ден (10.09.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и шест со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице починало, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и седум со лесни телесни повреди. 48 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 13 возачи бидејќи седум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и четворица го управувале возилото под дејство на алкохол. 12 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, пет неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и тројца не користел заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се 16 пешаци кои поминале надвор од пешачки премин и еден кој поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 48 мандатни платни налози, додека исто така 43 возила се подигнати со "Пајак".

На 10.09.2018 година околу 22.30 часот во објект во изградба на ул.„Абаз Емин“ во Охрид, Џ.В.(48) од Република Албанија паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см. Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

           

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”. На 01.09.2018 околу 00.20 часот пријавениот, управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на ул.„Партизанска” во Охрид. 

 

На 10.09.2018 година околу 15.30 часот ул.„Пиринска“ во Штип 16-годишник извршил тешка кражба на дрзок начин над Е.П.(57) од Штип. Додека оштетената се движела по улицата и се доближил сторителот и со употреба на сила и одзел златно ланче кое го носела околу вратот. По преземени мерки, лицето било пронајдено и лишено од слобода во присуство на работник од Центарот за социјални работи и било задржано во Полициската станица Штип. По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 10.09.2018 година околу 07.15 часот во Јавна здравствена установа „Ранка Милановиќ" двајца штитеници од домот на возраст од 17 години физички нападнале друг штитеник на возраст од 12 години. Полициски службеници излегле на местото на настанот при што биле изготвени соодветни поднесоци .

 

На 10.09.2018 година во 18.30 часот на Граничен премин „Богородица" било констатирано дека личната карта со која патувало лицето Л.П.(31) од Република Албанија била фалсификувана. Лицето било приведено и во разговор со него било констатирано дека се работи за лицето М.Т.(38) од Република Албанија. Тој бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 10.09.2018   година во 13.50 часот во Полициската станица Центар, Р.Л.Ј.(39) од Пробиштип пријавил дека во периодот од 09.30 до 10.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза", во Амбуланта на траумотологија, непознато машко лице извршило измама на неговиот татко. Му земало 7.000 денари за наводно  да му заврши одредена услуга за парична надокнада за инвалидитет на лица. Откако ги земало парите лицето го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.09.2018 година во 19.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.С.(78) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на улица „Лихнида" бил каснат од куче во пределот на левата потколеница .

 

На 10.09.2018 година во 18.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(63) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот неговиот 15 годишен син, движејќи се од Камениот мост кон училиште, бил нападнат од глутница кучиња скитници и едно од нив го каснало во пределот на левата потколеница.

 

На 10.09.2018 година во 11.00 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на с.Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Ивеко “ со скопски регистарски ознаки. Возачот го запрел возилото 50 метри после патролата и избегал од лице место. При контрола над возилото, во просторот за товар, биле пронајдени 50 мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца. Мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.