Издавање дупликат возачка дозвола

 ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 (само од фиксен телефон) 

ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ  http://termin.mvr.gov.mk/

 



Дупликат возачката дозвола се издава кога оригиналната возачка дозвола е изгубена или украдена. Барањето за издавање на дупликат возачка дозвола се поднесува лично.
Кон барањето се приложува

  ИЗДАВАЊЕ НА ИЗГУБЕНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

    Барање.
    Важечка лична карта на увид.
    Писмена изјава на возачот со краток опис за време и место на губењето на возачката дозвола
    280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
    110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
    75,00 денари за објавување на изгубена патна исправа во „Службен весник на Република Македонија“ (уплатница или уплата преку ПОС терминал)


Возачката дозвола во редовна постапка, се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето, а во итна постапка во рок од 2 работни дена од денот на поднесувањето на барањето.

НАПОМЕНА

Лекарско уверение за телесна и душевна способност од овластена здравствена организација е потребно и во следниве случаи:

    доколку возачот има навршено 70 години
    доколку возачот има Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д, ДЕ и Т категорија
    доколку возачот има ограничување на важноста на возачката дозвола поради дравствена состојба


НАПОМЕНА: Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:

    -пријава за возачка книшка
    -уплатница од 100,оо ден
    -фотокопија од лична карта
    -фотокопија од возачка дозвола
    - 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 смм


Стандард за доставување (Временски рок)
15 дена


НАПОМЕНА:Полињата во уплатницата означени со XXX се пополнуваат со кодот на Вашата општина.