06 октомври 2017

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“

  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово во содејство со Одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Д.Н. (59) од Берово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “.

Пријавениот како службено лице, градоначалник на општина Берово, во периодот од 01.07.2015 до 01.07.2017 година во повеќе наврати  ја искористил службената положба и овластување. Пријавениот го користел службеното патничко возило, сопственост на Општина Берово, без да обезбеди Решение за службено патување во странство од надлежен орган од општината, како и  без патни налози и без покани за службено патување во странство.  Д.Н., вкупно во 32 наврати за свои лични потреби и за потребите на други физички лица, кои ги превезувал со службеното возило,  со што причинил штета на Општина Берово која дополнително ќе биде утврдена.