03 ноември 2017

Приведувањето на снимателите е извршено согласно законите

 

Вчера (02.11.) во 14,00 часот  во Полициската станица Кисела Вода, поради неовластено снимање пред и во објектот на Судот, бea приведени М. И. (29) од Скопје - снимател од македонска телевизиска куќа и Б.У. (35) од Косово - снимател на телевизиска куќа од Косово, а по претходна координација и насоки дадени од дежурен Јавен обвинител. Со приведените лица е извршен службен разговор во ПС Кисела Вода по што тие се пуштени. Од страна на СВР-Скопје ќе биде доставено  известување до скопското Основно Јавно Обвинителство за досега превземените мерки.

Во овој, како и во сите други случаи, МВР постапува согласно законските норми и надлежностите,  при тоа доследно применувајќи ги професионалните стандарди.