04 ноември 2017

Полициски службеник осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Ж.И. (вработен во Секторот за внатрешни работи Скопје, како главен инспектор) поради постоење на основани сомненија дека со искористувањето на своите службени овластувања сторил кривично дело - “злоупотреба на службената положба и овластувања“ казниво по член 353 од КЗ на РМ.
Имено, пријавениот се сомничи дека искористувајќи ја својата службена позиција во тек на вршење на работна задача - увид во случај на тешка кражба во куќа - со намера да прибави за себе противправна имотна корист, неовластено одзел златен накит со што го извршил посоченото кривично дело.
По налог на ОЈО Скопје лицето е лишено од слобода и е предадено на надлежен ЈО за понатамошна постапка. Од страна на МВР против Ж.И. е поведена дисциплинска постапка и тој е суспендиран од работното место.