05 ноември 2017

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Денес (05.11) во 13 часот од Плоштадот Скендер бег ќе започне најавен протест од страна на Здружението за албанска култура. Според пријавата на организаторот се очекува протестантите од плоштадот Скендер бег да се движат по ул.„Филип Втори Македонски“ до Собранието на Република Макадонија каде по кратко задржување по истата маршута ќе се вратат назад и ќе протестираат пред Основниот суд Скопје 1 Скопје. За време на протестот сообраќајот на бул „Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ ќе бидат пренасочени во двата правци, а потоа и сообраќајот на улиците „11ти Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ и тоа од крстосница помеѓу „11ти Октомври“ и бул „Кочо Рацин“ (Црвен крст) до крстосница помеѓу ул„Димитрије Чуповски“ и ул.„Даме Груев“ (Палома Бјанка).