09 ноември 2017

Известување 09.11.2017

Утрово (09.11) е отпочнат штрајкот на грчките цариници и тоа на граничниот премин ,,Меџитлија” (граничен премин ,,Ники”) штрајкот започнал во 05.00 часот и ќе трае до 05.00 часот на 10.11.2017 година. За време на штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци, додека сообраќајот за моторни возила ќе биде во прекин. На граничниот премин „Богородица“ (граничен премин „Евзони“) штрајкот започнал во 05.00 часот и ќе трае до 23.00 часот на ден 09.11.2017 година. Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе биле пропуштани. На граничен премин „Стар Дојран“ (граничен премин „Дојрани“) започнал во 05:00 часот и ќе трае до 23:00 часот на 09.11.2017 година. Во наведениот временски период ќе бидат пропуштани само пешаци, а патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правци. Исто така и товарниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 09.00 часот утринава.