09 ноември 2017

Приведен бегалец од Идризово осуден на 20-годишна затворска казна

По низа превземени оперативни активности, вчера (08.11.) во 17.50 часот од страна на полициски службеници при СВР Куманово, во координација и содејство со Централните полициски служби при МВР, лоцирано и од слобода е лишено лицето О.М. (39) од Куманово, кое се бараше по потерница од КПУ Идризово. Имено, О.М. којшто има правосилна судска пресуда за издржување казна затвор во траење од 20 години, а заради сторени казнени дела по член 123 (“убиство“) и по член 215 (“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“) од КЗ на Република Македонија, подолг временски период бил во бегство. До моментот на лишување од слобода, според досегашните сознанија, се сомничи дека на подрачјето на Куманово извршил десет кривични дела и тоа шест кривични дела “разбојништво“, три кривични дела “тешка кражба“ и едно дело - “одземање на моторно возило“.