09 ноември 2017

Средба на државниот секретар Несторовска со заменик министерот на косовската полиција Милан Радојевиќ

 Државниот секретар при МВР, г-ѓа Магдалена Несторовска, којашто воедно е и Национален координатор за борба против трговијата со луѓе, денес (09.11.) во МВР имаше средба со преговарачкиот тим на Владата на Република Косово за соработка во борбата против трговијата со луѓе предводен од г. Милан Радојевиќ- Заменик министер за внатрешни работи и Национален Координатор за борба против трговија со луѓе.
Целта на средбата беше иницијативата за меѓуинституционална соработка на двата ресори во областа на борбата против трговијата со луѓе чии што краен резултат се планира да биде склучувањето на Протокол за соработка меѓу двете министерства во оваа област.
Инаку, мотивите за иницијативата коишто произлегуваат токму од активностите на Националните комисии за борба против трговијата со луѓе, се во насока на квалитативно подобрување и унапредување на соработката и размената на информации меѓу надлежните служби, како и спроведување заеднички проекти и кампањи во областа на борбата против трговијата со луѓе.