01 јануари 2018

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денес беше во работна посета на Полициската станица Гостивар

 Заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денес беше во работна посета на Полициската станица Гостивар каде што се сретна со раководството на на оваа организациона единица при СВР Тетово.  

“На денешнава средбата со полициските служби на Гостивар, со цел да се одбележи првиот ден на новата година, сакам истовремено да го повторам ставот дека ќе имаме нов и поагресивен пристап во борбата против кримималот, корупцијата и другите видови на криминал. Ќе се гони секој еден кој нема да подлежи на апсолутниот авторитет на законот. Верувам дека 2018-та ќе биде година на некомпромисното справување со криминалот и корупцијата, дури и ако е дел од структурите на полицијата и на државата. Нека биде берикетна Новата година!“, истакна меѓу другото заменик министерот Нухиу.