31 јануари 2018

Покана до медиуми

 Утре 01.02.2018 (четврток) во 10.00 часот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети новиот објект на Одделението за управни работи Куманово (поранешен Дом на АРМ), по што во близина на ЈЗУ Здравствен дом Куманово ќе го промовира проектот „Позорникар“ во СВР Куманово. По завршување на промоцијата на проектот „Позорникар“, на градскиот плоштад во Куманово министерот Спасовски ќе даде изјава за медиумите. Ги покануваме сите заинтересирани медиуми да го проследат настанот.