02 февруари 2018

Покана до медиуми

Утре 03.02.2018 (сабота) во 12.00 часот во вила „Охрид“ во Охрид министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи на Република Албанија, г.Фатмир Џафај.  По завршување на средбата, министрите Спасовски и Џафај ќе дадат изјави за медиумите.
Ги покануваме медиумите кои се заинтересирани да го проследат настанот, да бидат пред вила „Охрид“ најдоцна до 12.00 часот.