07 февруари 2018

ЈАВЕН ОГЛАС

 Врз основа на член 20-г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014 и 27/2016) и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 167/2015 и 27/2016), Министерството за внатрешни работи, објавува:

 
             
                                                                  ЈАВЕН ОГЛАС
 
 

За вработување на 5 лица во Министерството за внатрешни работи на неопределено време и тоа:

 

1. Хаус мајстор во Сектор за внатрешни работи Скопје – 2 извршители

2. Општ работник во Сектор за внатрешни работи Скопје – 2 извршители и

3. Хаус мајстор во Сектор за внатрешни работи Куманово – 1 извршител

 

                        Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

 

- да е државјанин на Република Македонија;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место  и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

Покрај општите услови, кандидатите кои ќе се пријават треба да ги исполнуваат и посебните услови утврдени во Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за јавна безбедност:

 - завршено средно образование без работно искуство

 

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:

 

-диплома за завршено средно образование

-извод од матична книга на родените,

-кратка биографија и мотивационо писмо и

-доказ дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност.               

    
Почеток и завршеток на дневното и неделното работно време:
 

-дневно работно време се утврдува со почеток на работното време помеѓу 07:30 часот и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 часот и 16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа. Правото на пауза во текот на дневното работно време се користи од 12:00 часот до 12:30 часот, во вкупно времетраење од 30 минути.
-неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок).

 

Основната нето плата за работните места изнесува 16.560,оо денари.

 

Рокот за доставување на потребната документација изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

 

Министерството за внатрешни работи по службена должност го обезбедува документот за докажување на државјанство.

 

Кандидатите не се должни да достават доказ за општата здравствена способност, односно  Министерството за внатрешни работи при склучување на договорот за вработување ќе одлучи дали кандидатот ќе биде упатен, на товар на Министерството, пред Здравствена комисија на Министерството за внатрешни работи заради утврдување на општата здравствена способност потребна за работното место.

 

Постапката на селекција и избор на лица кои ќе засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи врз основа на јавен оглас ќе го спроведе посебна комисија формирана во Министерството во рок пропишан во Законот за работните односи.

 

Заинтересираните кандидати потребната документација во зависност од тоа за кое место аплицираат треба да ја достават на следните места:

 

- за работно место под точка 1 и 2 , кандидатот е должен да ја поднесе во архивата на Сектор за внатрешни работи - Скопје или по пошта на адреса: „Ангел Димовски“ бр.8,  1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување„) и

- за работно место под точка 3, кандидатот е должен да ја поднесе во архивата на Сектор за внатрешни работи - Куманово или по пошта на адреса:„11-ти Октомври“ бр.12, 1310 Куманово (со назнака „за оглас за вработување„).

 

Потребната документација, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (07:30-16:30 часот).

 

При вработувањето ќе се применува начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Република Македонија, без да се нарушуваат критериумите на стручност и компетентност.

                       
Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.
 
 
 
 

                                                                       МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ