01 март 2018

Соопштение 01.03.2018

Денеска (01.03.) околу 10 часот на крстосниците на булевар "Гоце Делчев" и улица "Филип Втори" во Скопје, при подигање на патничко моторно возило "Ланд ровер" со скопски регистарски ознаки со специјално возило "пајак", од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Со Б.А. е извршен разговор во ПС Бит Пазар и изготвен записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.