02 март 2018

Соопштение 02.03.2018

Министерството за внатрешни работи  категорично ги отфрла шпекулациите во дел од јавноста дека врз полициската службеничка Јасмина Јаначковска било извршено физичко насилство. Исто така , категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан. Министерството за овој и за сите други случаи настапува максимално транспарентно со единствена цел јавноста да биде вистинито информирана.