07 март 2018

Заменик министерот Нухиу на регионална конференција за заштита на жените од насилство


Вчера (06.03.)
заменик министерот Д-р Агим Нухиу учествуваше на Регионалната конференција за Јакнење на соработката помеѓу општините во Пелагонискиот регион за подобрување на превенцијата и заштитата на жените и девојчињата од насилство, од каде ја испрати пораката за ангажманот на Владата на Република Македонија за преземање на институционални мерки за спречување на насилството во семејствата и заштита на жртвите.
Воедно, Нухиу го посети Музејот на албанската азбука и во таа прилика му беше врачена плакета.