12 септември 2018

Безбедно од домот до училиштето“ - Превентивна активност на СВР Струмица

 
Секторот за внатрешни работи Струмица –  Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај  - Струмица, во рамките на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, започна со активности во детските градинки на подрачјето на СВР Струмица. Денеска од 11.00 до 12.00 часот во детската градинка „Детска радост“ во Струмица,  од страна на полициски службеници, дечињата беа запознаени со сообраќајните знаци, правила и прописи. На пешачка патека, дечињата заедно со полициски службеник учеа како безбедно да ја преминуват улицата, а воедно и да ги почитуваат светлосните сообраќајни знаци - „семафори“. Ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период.